Јас немам талент да правам нешо ама ете си напраив едни нај едноставни обетчиња, и машнички за на коса..
Еве уште нешто од мене ... обетки ги правеве со ладен порцелан ( оттука рецептот што го видов) и мислам дека не се баш лоши за прв пат
Е ова е веќе супер идеја, нешто што и јас можам да го направам за ќерка ми, баш ќе се израдува... уште утре ќе ги расчупам вештачките цвеќиња на свекрва ми и онака не и требаат...фала девојко
Еве една интересна идеа за правење на маичка, мене многу ми се допадна и еве денес се решив да го направам ова со некоја ептен стара маица
Последно ги направив овие два цвета.Сакав само да пробам и овој материјал го најдов.Утре планирам да ги правам од еднобоен материјал мислам дека би биле поубави.Едното и го дадов на другарка ми.
Ланчето го имам направено поодамна, а сега му додадов и цветче. А еве идеја како поинаку да се искористи марамата.
http://www.youtube.com/watch?v=ekLRbmvVRqQ прекрасно е имам тул црн уште чипка да си купам ке го направам
Многу ме бендисаа цветовиве, некако весела ми е шарата и ме потсеќа на нешто убаво Инаку еве уште нешто Си купив црвен ластик, го исплетов, ги споив двете страни иии му залепив пак вештачки цвет
Ова беа демолирани балетанки во предниот дел, имаа една црна машничка, која се скина и само дупка се познаваше напред, и логично не беа за носење. Во моменти на депресија, кога се буди секој скриен талент, а во присуство на минимум расположливи средства, ги моделирав на следниов начин Не е ништо посебно, ама барем се носат вака.
Фала Маја8, и мене ми се фаворит и обично тоа што го правам наменски посебно вложувам креативност во нив, а тие и ги дадов поклон на моја блиска другарка Еве уште нешто сликано одамна (со лош квалитет).... Првиве тежеа многу (наменски големиот метал беше за ланче но од пуста желба за огромни менѓуши ги направив нив) и не ги ставив ниту еднаш, и на крај решив да ги распарам т.е. едната менѓушка остана кај мене за спомен и долго сеќавање (иако и на нејзе ќе и најдам сигурно во иднина друга намена), а другата ја преправив во долго ланче и и го поклонив за роденден на мојата мила Љубам, па ако таа сака може да го слика (знам дека тоа не и е проблем ) и да ви го покаже.
Браво на креативноста . Мислам дека поубава би била ако е во една боја . тој чипкестиот материјал да бил црна боја.