Оваа опција со нитни некако ми е најдобра, баш имаш и фармерки да одговараат. Пробај па пофали се што си направила
Искрено Стронгер јас мислам да си го носиш корсетот како долна облека .. Не верувам дека нешто може да го направи прикладен да се носи .
Искрено не ми изгледа како долна облека. Со подолго сако баш фино би стоело. Во чаршија има еден што фарба облека ама зависи од материјалот. Можеш да отидеш таму ако сакаш да му ја смениш бојата. Спојлер Пиши ми во ЛП од каде го купи
Направете сами сандали според моделот на Џузепе Заноти Доколку немате доволно финансии за да си дозволите модел чевли од Џузепе Заноти, сепак не треба да се разочарувате. Постои идеално решение за овој проблем! Потребно е да набавите пар сандали како овие на сликата или пак доколку имате сличен модел, тогаш потребно е само да обезбедите играчка во форма на змија, спреј во боја, игла, конец, украсни камења и лепак. Прво треба да ја обоите играчката во иста нијанса во која ви се сандалите и на неа може да ставите украсни каменчиња, доколку тоа е ваша желба. Ставете ги сандалите на нозете и пробајте од прилика каде би ја сместиле играчката, која сега веќе треба да добие сосема друг изглед. На местата кои ќе ги одредите на горниот и долниот дел, ставете лепак и чекајте да се исуши. Ако мислите дека лепакот нема да издржи, тогаш земете конец и игла и на тој начин зацврстете ја играчката змија на сандалата, па повторно повторете со лепак. Доколку бојата на конецот е во сосема различна нијанса може и него да го обоите со спреј и нема да се примети никаква разлика Откако ќе се исушат спрејот и лепакот, ќе имате нов пар сандали кои одлично ќе се вклопат во аутфитите за претстојната пролетна сезона. Извор: fashionel.mk
Можеш со црн лак или темперна боја Тоа би те линело поефтио но доколку сакас мислам дека се продаваат специјални спејови
Може да се обои,зошто да не? Само ќе треба полека да го поминеш цел конец,ќе си земеш боја црна...дали акрилна,дали текстилна или пак рапитограф-фломастер(не верувам дека ќе се избрише) пробај.
Многу ми се допаѓаат вакви лични-рачни изработики.Како за во чеиз ллеле знаши преубај се Мила RIRIFENTY прашање до тебе сама ли го изработи?
Да се пофалам, а и да им кажам на други штоимаа проблем како мојот со ташната, конецот го поминав во траен маркер, брзо одеше и воопшто не се познава
ПОМОШ ПОМОШ ПОМОШ ...значи ја имамам ташничкава ама тие ременичките ми паднаа ми се погубија..дајте некој предлог како да ја спасам и вратам во живот..