Девојки имам едни чевли во посветла боја, ама сакам да ги обојам црни. Единствено што ми текна е со маркер. Со што друго би можела да ги обојам а бојата да не излезе пример од вода. Инаку, материјалот мислам дека е скај, или такво нешто.
Има црн спреј спрецијален за чевли (го има и во кафена боја), јас го користам за антилопските штикли, покрива се'. Со маркер ќе ти се познаваат линии и со миење може да ти излезе, избледне и слично, во никој случај тоа.
Имам една блуза скоро ја купив некако мн ми е едноставна од позади има чипка а од пред е скроз обична предлог да ја дотерам малку
Дефинитивно сте таленти, јас да почнам да правам се ќе испозалепам се лошо ќе усечам е се е залудно - тоа сум јас хахахаха се ќе уништам ништо нема да направам па затоа продавниците се тука )
Девојки дај кажете како да направам вакво фустанче со светки? или циркони? Има некој видео за вакво Или ако знаете негде да се продава такво материјалче?
Денес ги направив овие три алки,досадно ми беше и ми текна да видам што имам. Не се баш како што сакав,ама во ред е не се лоши многу . Направив и држач за алки пред некое време ама немам слики од него,ќе има во брзо време...ми треба само нешто на што ќе стои и готов ќе биде скроз. Спојлер Се извинувам за лошиот квалитет на сликите од телефон се,од апаратот не можам да ги ставам поради незнам која причина.
Зависи колку тежи, не знам од што си го правела.Меѓутоа можеш да ставиш парче картон,а врз картонот да го залепиш картонското ролниче од тоалетна хартија
Направен ми е од картонско ролниче од брисачи за во кујна. Сакам да најдам нешто убаво за доле,можеби некој стар дел од свеќник или некое вазниче тенко високо и ќе го залепам.Фала
Здраво. правам кутија за накит, кутијата е бела и сега сакам да ми дадете некои предлози како да ја украсам или да нацртам несто на неа ???
Врска неам дали е соодветна темава, итно ми е. Дајте идеја во што да ги приберам дезодорансиве и парфемиве?
Не можам да најдам слика ама ќе ти објаснам. Ако сфатиш, сфатиш. Земи една кутија, извади го горниот ден (тоа што се затвара/капакот) и залепи некоја украсна хартија, убаво среди си го по твоја желба. Таму реди си ги парфемите. Само направи си две/три такви за да ти собере се што имаш. И совет плус, реди ги само на предната страна, од зад ќе ти биде тешко да видеш. Место парфеми може од зад да ставиш некои други работи.
Значи,имам неколку шишенца од светки за нокти. И порано сум правела ланчиња од нив бидејќи мн ми се свиѓаат ама во последно време немам идеи. Вчера успеав да уништам две. Ако некоја феминка има идеја или има такво ланче нека ми помогне. Гледав на нет ама не сум нашла нешто интересно. И уште едно прашање-проѕирен лепак ама и кога ќе се исуши таков да си остане? За вакви шишенца станува збор,тоа најмалото
Јас си чепкав нешто по темава и гледав кој што изработки има и ми дојде идеа, дома најдов една плава марама(тенка) од купаќи кои ми се веќе мали. Го врзав на 6 места и си направив летно ланче за рамбовка или некоја бела маица. За речиси 30 секунди си направив ланче. Спојлер Hope you like it.. Исто така, си направив фустанче плишено кај мајка ми во работилницата. Спојлер Кога го носам поубаво стои, вака не се гледа баш нај нај.. Има ластик на половината и горе кај вратот. Коментарчиња?
Ланчето не ми се свиѓа воопшто. Многу е просто. Можеш да му додадеш некои бисерчиња, некоја машна можеби да се издвојува малце.. Вака ми лични како оние вреќите за цедење пиперки за ајвар Извини ама на тоа ме присетува. Фустанчево убаво е, едноставно, летно. Можеш да си го искомбинираш со кратка марама со некоја отворена боја