Ноќна птица Ана ради! Имав неколку ланчиња кои пред неколку години сум ги носела (Господе!) , и денес си ја чистев собата дома, и фрлав се што не ми треба и на мама и давав нешто што сака она, и овие само што сакав да ги фрлам, кога ги загледав добро гледам има камчиња интересни да се искористат и решив да си направам бележички две-три колку искористам од убавите интересни камчиња, па испаднаа две, и сум скромно речено горда на себе, абе им се радувам цел саат еве веќе. Заборавив колку уживам во овие работи... Еве го хаосот од ланчињата (заборавив цели да ги сликам): И крајниот продукт.
Дали знае некој како можам избелените црни панталони (фармерки, ако можат да се кажат) да им се врати бојата, да се обојат повторно црно, читав на интернет, но американците секогаш имаат триста чуда и ситници за боење. Дали кај нас има нешто со што можам да го изведам тоа?
Како што знам само можеш да ги однесеш на фарбање.. еве види овде http://mojagarderoba.mk/forums/topics/9 ... nye-obleka
Пред некој ден вака со цедиња, сакав да украсам како рамка за на ѕид. Но се изнамачив, и никако не се сечеа, стегај, тегни, врти, сучи, не бре брате, одвај тие што успеав да ги исечам, пола исечени, пола изгребани.. Постои некој метод за успешно и убаво сечење како на сликата? :'(
^ една страна поназад имаш слика со пример за сечкање цедиња во вода се стават прво па потоа се сецкаат не сум пробала но оваа со паричникот интересно ми изгледа
Ги оставив во вода, како што видов исто стоеа некаде околу 5- 6 саати.. Ама џабе. Редакција: Прашав едно другарче сега.. Ми предложи да го загреам, така би омекнале и би се сечеле. Пробувам еве со упљач, и успева.
Јас имам видено на една слика во вода, незнам дали се загреваат, но еден дел од цедето треба да се раздели како пластика што е. Незнам дали ме разбра
Мислам дека се стават малку да провријат со водата или во вода што врие за да омекнат што знам Ако пробам така ке ти кажам
Со какви бои можам да офарбам сако? Сакам да го офарбам црно ама незнам со каква боја ниту каде би можела да ја најдам...Хелп
Знам дека не ми е прашањево за тука, ама тој што ја прати темава може веќе купил од некаде па: Каде можам да купам нитни во Скопје(еве како овие погоре на сликава)? Сум проверила и по пазарчиња, нема. Освен ако не знаете некое вие конкретно па да одам таму? Читав по темава имало во бит пазар, па ќе проверам, но освен таму некоја друга локација да ме упатите? По бижутерии исто нема... Фала ви.