Да ја носев еднаш со каиш плетен црн малку погоре на бело рамбовче и скроз темни холахопки (тука само ја облеков да ја сликнам - на боди )
И на мене многу ми се допаѓа , и јас би сакала да ја кренеш ама многу кратка ќе ти биде . Не можам убаво да замислам . Во секој случај , секоја чест , прекрасна е
ова го направив денес и ми се допага но малку ми е страм да носам нешто што е од мене направено од стар материјал и обично бело копче што мислете вие за мојата нова шнола?
инаку многу подобро изгледа отколку на сликата бидејки набрзина со течефон сликав, боите се многу појаки а вака на сликата изгледа некако избледејана но сепак мислам дека ке ја ставам некогаш
како може да ти биде срам од нешто што сам си го направил . не треба да гледаш на тоа како да немаш пари да си купиш и сега ке правиш сама. треба да се гордееш што сама си го направила , некои не ги бива ништо да направат. јас си носам работи што сум ги направила и гимназија кога учев си носев блузи , кошули и ташни што сама си ги правев .
овај пат нема да кажам дека ова го направив сама, бидејќи имав едвај 12 год кога мајками ми го сопи овај фустан...но можам да кажам дека беше моја идеата фустанот да изгледа баш вака како на сликава... жалам што ми е мал
и јас едно време многу си ги правев, многу убави имав напраено, дури и онака ги давав на другарки, пошо многу ми бараа да им правам кога ке можам ке ставам слики од оние што ми останале
Денес си направив нараквица, и многу си ја заскав.. Земав две црни и едно бело ластиче и ги сплетив ги направив во плетенка и врзав и си врзав машничка.. Мене многу ми се свиѓа... Еве една слика, со лош квалитет е ама сепак се познава..
Еве што денеска јас си направив и сакам ваше мислење женски дали е добро сработено , што би додале вие , и дали би ги носеле овие креации?
Знае ли некој кај да најдам сребрена жица за правење накит? Од таа најтенката има во Монистра, али ми треба малку подебела, таа тенката многу е мека и лесно се витка. Ако сте виделе некаде кажувајте, решив да се испробам на тоа поле