Ако сакаш да не мора да ја печеш, тогаш можеш да пробаш со Jumping Clay глина. Се суши при контакт со воздухот и ги има сите можни бои. Погледни на Youtube има многу или https://www.facebook.com/JumpingClayMakedonija/ на www.jumpingclay.mk Во Скопје ги има кај млечен ресторан.
Има и fimo полимерна глина, која ја има во книжарите на Штедлер. Има и разно-разни додатоци за правење накит, фигури и сл. Оваа полимерна глина се пече. А исто има и Дас маса и Фимо глина кои се сушат на воздух. И овие ги има во продавниците на штедлер, а некогаш се наоѓаат во Џамбо, Алби, Просветно дело и сл.
Па зависи за која намена и колку ти треба. Најмалото пакување од било која боја е 23 денари. Ама сетовите со поголеми пакувања се поскапи. Види на линков http://jumpingclay.mk/proizvodi Сет од сите бои, комбинирано е 349 денари. http://jumpingclay.mk/proizvod/detski-multi-paket-8
Немам досега префарбувано, ама да пробаш со црн спреј за заштита и обновување на антилоп? Има во пеко и скоро во сите маркети.
Каде можам да најдам паус хартија, и колку чини? и дали може да се печати на печатар на неа текст? Ми треба за свадбени покани, сакам да си ги правам за мојата свадба сама. и сакам текстот да биде на паус хартија.
Паус има речиси во сите книжари. Може да се печати на ласерски печатар, но во делот "Media" треба да се избере "Transparency" за да се печати на пониска температура и да не се стопи паусот!
Еве ги и моите. Сакам да чујам критики. Пукајте! https://www.etsy.com/se-en/shop/HeavenDrops?ref=profile_shopicon
Јас овој пат се обидов да си поиграм со козметиката да направам поточно "поправам" нешто од козметика што ми се раздроби. Имав до пола истрошена камена пудра но ми падна и целата се раскрши и сега си велам што ќе и правам како во прав ли да ја користам? НЕ! ме нервира кога ми паѓа на облека и ме прави лом башка повеќе се фрла.И сега како да ја вратам во правобитната состојба? Бидејќи имав една идеја што ја видов од јутуберките да ја растворам со алкохол (пудрата... или било што и да е во прав) и да добие кремаста смеса и да ја ставам во самото празно кутивче од камената пудра. И бидејќи несакав да ја користам како обична камена пудра, а користам најмногу како за секојдневна шминка кафеав бронзер и осветлувач (како финиш на контурите) и ми текна да го направам "пола-пола", две во едно. Со тоа што: На камената пудра која ми се раздроби ја растворив со алкохол(ракија) и мешајќи ја смесата со лажиче додадов изронети кафеави сенки од кои:Темно кафеава и посветло кафеава нијанса. И сето тоа го измешав убаво и го пополнив едниот дел од кутивчето (од самата пудра) А останатиот дел исто така го дополнив на истиот начин, со раствор од само:Алкохол и скроз белата пудра во прав, осветлувач(ја преполовив не ја ставив цела) и не додадов ништо во неа нормално. И кога веќе беа нанесени и двете смеси, одозгора ги истискав со обични суви марамици. Едно за да го упие вишокот течност, а воедно и од самата палома ми се испечатија шари со цвекиња И за крај кога не бев трпелива да дочекам за да видам што бидна од мојот експеримент нажалост не беше досушено иако го оставив да отстои еден час, два... Пак немаше пигмент си викам од ова ништо не бива.Но кога го пробав утрото сосем засушено предобро се нанесуваше(со четка намесувам) и добро ме служи и не ни мириса на ракија воопшто бидејќи и самата козметика убаво мирисаше а ракијата ветрее.. Стварта било подолго да одстои. Така да експериментот ми бидна успешен. Еве како изгледа Исто така си ја вратив во правобитна состојба и раздробената сенка: Пред Потоа
Не сум употребувала до сега.Лесно ли се ракува со него?Сакам да направам топери и теглички со машнички за роденденот на ќерка ми , но со обичен лепак не ми успева.
Го сретнав видеово и си реков да ви го постирам.Бидејќи прикажано е практично према истата постапка за кафеавиот бронзер со алкохол што ви ја пишав предходно.Само што на девојчево уште поубава му е идејата со тоа што на поприродна база му текнало да ја напраи смесата во состав од какао и цимет, а јас во замена на тоа ставив кафеави сенки Како и да е бидна убаво
Interesna tema,ke si ja razgledam detalno posto obozavam racni izrabotki a najmnogu gi obozavam ukrasite vo domot