Извини на мојот искрен одговор, но воопшто не ми се допаѓа..ми личи на вагина, матка и јајници..хммм, кој бо обесил женски полови органи...
И мене ми заличе на тоа, викам ај да не сум грешка . Супер е сработено, ама попрво би ги носела твоите други гердани
Почетник везилка Само ова на облека го имам извезено, другото е на обичен материјал во обрач, ама не знам дали е за во оваа тема да го постирам или за некоја друга
@tace73 Да, рачно везени се @marija_maca На бит пазар има обични дрвени обрачи, малце ограничен избор на конци, а од женскиот пазар барав материјал за везење (иако овие маиците и дуксерот не се баш најдобар материјал за везење, се тегнеа и беше мака да ги навезам). Ама јас и од алиекспрес си порачував некои поубави обрачи. Еве нешто повеќе од мене извезено, едното е сеуште work in progress
Многу убаво. Можеш да си направиш бизнис, да везеш на пешкирчиња на хотели и пансиони. Оние хотели/мотели/хостели кои си држат до себе, би им значело да имаат вакво нешто
@referentka Фала ти За тоа што го предлагаш ти веројатно треба машинско везење, многу e поситно тоа, поцврсто и сјајно изгледа.. Ама би сакала да си отворам Etsy продавница, само не од Македонија, затоа што имам слушано од други кои имале онлајн продавница дека нашата пошта била преспора и мноогу долго требало дури испорачаат некоја нарачка, што е секако лошо за бизнисот.. Ако се преселам надвор од МК, што би сакала до крајот на годинава, тогаш ќе ви пуштам на сите тука линк а до тогаш си се вежбам и везам вака за другарки или за мене на дускери и маици. @tace73 Фала фала фала
Каде можам да најдам од оние коцки со букви што де Сакам да пробам да правам држачи за цуцли алки итн Би ми било од помош некој да ми даде повеке информации
Во Џабмо ги има И во едно продавниче за материјали за изработка за накит, не знам како се вика, спроти билна се наоѓа.
Не знам Провери на алиекспрес или на некоја друга таква страна па нарачај си, ако не те носи пат накај Скопје
Во право си, баш пред два дена пројдов и не постои веќе. Ама има и друга таква продавница за материјали за накит, Делфина се вика, во пролазче кај што беше порано Кинг Бургер. Ако некој друг знае подобро да ја објасни локацијата помогнете
И јас исто го објаснувам! Ама не ми текнува, мислам дека не сум видела букви кај нив, можеби па и грешам. Најубаво да се праша директно, ги има на ФБ како Delfina Handmade Jewelry!