Баш преска поминав и видов имаше коцкички со букви само Дали знаете каде можам да најдам коцки обични без букви без ништо на нив, преска бев во Делфина и немале најобични. Каде има на друго место вакви продавници низ Скопјево?
За монистра и други слични чуда само на Битпазар. Има продавнички по уличката што води на главната- пластичарска улица. Ако ме сфати на која мислам. Се' и сешто можете да најдете за изработка на накит и слични украси.
Последните везенки од мене Декоративен обрач (продаден) и маица со кактус, филодендрон и фикус. Утре во Битола во Центарот за култура ќе има изложба на креативци, ќе бидам таму со моите рачни везби, па ако ве носи патот натаму поминете
Сакаж да почнам фимо ланчиња да правам ама незнам како стојат работите со фимото дали еднобојно кај се купува што како само знам дека се пече ама за бои не ми е јасно. Ако има некоја искуство нека пише ЛП
Ќе ти пишам тука, за да прочитаат сите кои се заинтересирани. Има и еднобојно, кое подоцна можеш да го боиш, а има и во различни бои. Пукај со прашања, ако имаш.
Можеш да употребуваш акрилни бои. Од каде можеш да набавиш не можам да ти кажам, можам само да ти пренесам искуство во врска со изработката.
Сакам да направам некоја рамка каде ќе ми стојат сите магнети. Ама од каде да најдам подлога за да ги прикачувам магнетите. Кажете ми некоја идеа? Нешто налик ова
Fimo glina imas vo staedler, vo razlicni boi i prodavaat i alatki za polesno da gi pravis. Cenite gi zaboraviv okolu 100-200 mislam se dvizat ne sum sigurna
@stevemila Благодарам на соработката и многу ми е мило кога ќе слушнам убави зборови, ова си го работам со посебна љубов за најмалите. Да е жива и здрава ..
Во продавниците за бои и лакови прашај, постои магнетна боја, така да обична шпер-плоча можеш да ја избоиш и да добиеш слично на ова. Ако не ја најдеш по продавници, можеш да си ја нарачаш на интернет. Исто прашај и по поснабдените книжарници каде имаат хоби опрема, како на пр. Штедлер, КасверЦ, Сликарски прибор на фб...
Del od moite prvi racni izrabotki..sekako ke ima uste kako.vi se dopagaat ako.nekoj saka neka pise vo poraka
Сакам да почнам да изработувам накит(повеќе обетки) но не сум запознаена како со материјалите. Сакам да бидат оргинални без утки,креативна сум само ми треба инфо каде можам да набавам добар материјал. Нешто како глина што можам да го оформувам и другите делчиња како циркони,желевца.. Пишете ми доколку знаете