На женски пазар однадвор по продавничките имаш од 100-150 па нагоре. А за ташната можеш да си земеш материјал обичен за везење и да си ја сошиеш ташната, таквите се лесни за шиење.
Ако знае некој да ми каже дали сеуште постои продавницата Делфина (и каде поточно се наоѓа) што ја спомнувале овде пред многу години...или друга ваква кадешто има делови за накит(освен онаа на Битпазар). Мене конкретно ми требаат едноставни мали топчиња во некој неутрален nude тон. Секоја идеја е добредојдена
Да, постои, сега скоро купував нешто од таму. Извини, се наоѓа во близина на Соборниот храм, во едно слепо уличе каде што беше Кинг бургер, сега е таму кафеаната Маршалот. Еве ти го линкот од нивната ФБ страница, имаш и мапа на насовната фотографија: https://www.facebook.com/Delfina-Handmade-Jewelry-509756959065882/
https://www.ading.com.mk/?fbclid=IwAR3a_mJWIEuCT7F9r9aXZEgJ__h8jxQ37IrL-CE3ETSzIa1Z9bqYzwybKNs Тука можеш да најдеш, праќаат и по карго.
А и јас барам нешто слично и сите ми рекоја на женски пазар можам да најдам ама никој не ми кажа точно каде е тоа xD Може ли некој подетално да ми опише каде се наоѓа?