ме интересира каде бо можела да најдам ваков материјал со пердуви, доколку некој знае би го замолила да ми каже
Имам гледано во Џамбо. Исто и на бит пазар, женски пазар да видите, по тие продавнички што имаат репрометријали за накит и сл.
Имаше бели? Дека со бебе сум да не се акам низ гужвите за џабе. И дали би знаел некој со шо можам да ги обојам?
Здраво девојки, знам дека прашањето не баш одговара на оваа тема, но сепак ќе прашам тука, пошто не најдов ништо слично Ме интересира каде во Скопје (пожелно Аеродром или близина) можам да скратам и стеснам нов фустан? По можност поефтино. Го нарачав од Сарита продажба на фб, најмал број, ама сепак ми е голем.
знаете ли некоја страна што продава репроматерија како памучен канап (за макраме) и дрвени топчиња монистри за да се порача? или женски пазар до колку часот работи
Порано многу си ги сечев фармерките,кратев маиците и купував ластичиња и монистри за правење на алки и ланчиња. Пробував и да плетам,но искрено не ми идеше најдобро,па го оставив.
Дали се уште го има магацинот за репроматеријали за накит на Бит пазар? И дали знаете некои други места од кај што се набавуваат делови за секаков накит?
Од мое искуство само по aliexpres оnline нарачка. Евентуално после бит пазар во чаршија да провериш ако си од Скопје.