Постои магацинот да. Порано знам имаше продавница за репроматеријали за рачни изработки во Центар, околу Соборна црква. Дали постојат сеуште не знам
Јас изработувам волнени теписи рачно, ми текна за идејава бидејќи сакав малце да сменам со стандард поклони, и ова ептен ми се допаѓа за родендено или други поводи Дел од изработките
Не знам дали прашањево е за овде..Дали би можела синиов дел на бирово да го набојам дома со темно зелена мрсна боја? Бирово е како ново, ама бојата не ми одговара за во дневна..
Преубаво, многу сакам да знам да плетам, може ли совет како најлесно можам да почнам? Некоја страна или нешто слично? Веројатно и блузи плетеш. Какви вуници има преубави денес тие што знаат да плетат прават совршенство
Ова моето е крошет, читав дека хеклањето е полесно од плетењето. Јас од видеа на јутуб учев. Кога ги научив основите и малку се испраксирав гледав од инстаграм видеа со инструкции за мали проекти (цвеќе, капичка итн) .
Има некои списанија за хеклање, Crochet, Crochet World и Fun Crochet ми се чини дека беше. Јас стално ги листам кога наоѓам бројчиња, многу ми се интересни. Ги симнувам од Ocean of PDF сајтот за книги. Прекрасни работи има, можеби ќе ти биде корисно како медиум. Прекрасни ти се изработките. Јас стално се канам да си направам нешто мало, ситно, ама никако вистински да се решам да издвојам време. Како дете хеклав и еден куп украси за коса си имав исхеклано. Баш ме фаќа мерак од фоткиве, ама во исто време се тешам дека не ми треба уште едно хоби со кое ќе се опседнам.