Не ги крати ракавите, едноставно подврати ги Така изгледа и поинтересно а и да не ја уништуваш јакничката... Ако веќе сакаш нешто да и направиш можеш нитни да и ставиш на џебовите, или кај јаката, да изгледа по другачие http://www.youtube.com/watch?v=_GKd0XKInSQ
http://www.youtube.com/watch?v=ukOEfoBBgU4 http://www.youtube.com/watch?v=QSEl6Cf- ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=YhVnfAgd ... re=related Мислиш нешто вака?
Јарец, баш пред да прашам ги гледав овие. Нешто слично на ова, не баш вакви оти не сум многу вешта во толку многу шиење. Леле, многу сум комплицирана ама гледам некоја замисла во глава, ќе пробам да ја изреализирам.
http://www.youtube.com/watch?v=aJKU0L2C ... re=related Последниот ѓердан колку ми се допаѓа...мора да пробам да си направааммм
Од остатокот од материјалот од оние обетчињата што си ги направив како цветови, направив украс за венче. Венчето не беше во употреба, а ни сега не е којзнае какво, ама ќе се најде за излегување во потемни места.
Девојки имам собрано школки кога бев на ексурзија,ај кажете ми некоја идеа како да направам некој украс нешто,да не ми стојат така.Фала однапред
1.Најди некоја стара кутија/кутиче (во зависност колку школку имаш) залепи ги школките по цела кутија, таму каде што остануваат мали дупчиња ако имаш некои мали камчиња (од оние што се прават менѓушки, алки итн) залепи ги во дупчињата да пополнат место. Можеш да оставиш место за тенка трака и да ја врзеш во машничка на средина... Кутијата може да ти послужи за многу работи, за накит, за шминка, за други ситници 2. Ако имаш некоја стара обична рамка за слика, можеш и на неа да ги залепиш, да биде поинтересно можеш да обоиш неколку во различни бои (пример со темперни бои)... 3. Можеш да пробаш да најдеш две исти школки или бар слични, полека да пробаш да ги дупнеш со игла и да си направиш менѓушки додавајќи плус некои мали камченца или едноставно можеш да ги ставиш сите во некој убав стаклен длабок сад и да ти седат како украс можеш и садот да го декорираш со тенка трака која ќе ја врзеш во машничка на средината
Еве како од старите здодевни балетанчиња си направив нови и поинтересни Спојлер ги облеков со друг материјал и им залепив цветчиња
И јас си направив прстенче.. Имав едно што не го носев..до душа и не беше убаво па со го напвив поубаво со машничка.. (со камерата од компот ги сликав и не се убави сликите)
Имам едни сандали пред 4 год ми се и онака седејки дома ми текна да експериментирам со нив, и еве како ми излегоа... (едната ја лакирав со црвен лак за нокти) Сакам напред и мала машничка да ги ставам,црвена исто со лак ке ја излакирам е сега сакам ваши коментари дали да ги носам или да си купам нови
Јас конечно најдов фимо и си направив неколку парченца накит, не се кузнае што ама мн ми се мили зошто ми се исполни желбата со фимо да работам Еве видете ги
Ееееј тек сега ја гледам темава и осеќам дека ќе ми биде омилена и најпосетувана.... Обожувам сама да си правам накит и аксесорис... А и би ми дошло добро да споделам искуство... Спојлер (oва не е моја обработка, чисто пример за хенд мејд накит) Малку е касно за разменување информации и слики но ветувам дека од утре почнувам со споделување Деновиве се спремам да одам до битпазар за да купам куки за менѓуши и шравови наврти за алки и ланчиња, монисти и сл. Би ми требало препорака каде да ги барам, и каде може да ги најдам најефтино, бидејќи до сега ги купував од Џамбо и Центар доста скапо.