И јас си правам од купени монистра, претежно дрвени, меѓутоа овие баш се "направи сам", иако и за правење накит од готови перли траба креативност, да знаеш да ги искомбинираш и да излезе уникатно парче. Во последно време се обидувам и сама да правам топчиња и други форми од глиномол и дас маса и да ги вметнам во некоја комбинација.
Јас ако видам некое интересно парче облека на интернет и кажувам на мама и таа ми го сошие. Сакам да правам накит, имам голема желба ама ич не ме бива, како фаната сум во тоа рацете, многу сум несмасна.
Еве една идеја да си направите сами држач за нараквици. Јас навистина имам проблем со организирање на накитот, а ова ми изгледа како одлична идеја. Уште утре ќе пробам http://www.youtube.com/watch?v=l9ugDOs0 ... re=related
Гардероба не сум правела сама, но накит редовно правам. Купувам монистри, додавам, ставам... Многу ми е поубаво кога ќе се потрудам сама да го направам, го носам со милина, а и е уникат. Држачов ептен ме бендиса. Веднаш се фаќам да го правам! Па ќе постирам сликичка да видите што излегло.
И јас имам правено накит пред 2-3 месеца , дури ги однесов во нашиот маркет и продадов 1 пар за 4 евра
БАш денеска сум во такво расположение. Го резгледував накитот по форумов и добив инспирација за правење обетки .......и еве едната е веќе готова . Задоволна сум од резултатот. Знам многу пати и да преправам облека или пак да си купам материјал и сама да си сошијам нешто што би чинело поскапо да се купи Сега ќе ги сликам обетките кои ги имам направено, па ќе ги прикачам Оние со бордо монистра се правени денес ги правев со материјали со кои што моментално располагав дома
Јас баш сакам да експериментирам Имам изработувано гардероба, имам додавано некои модни додатоци да изгледа поубаво и повпечатливо. Исто така уживам и во изработка на накит или други модни додатоци
Гардероба немам правено, но алки да или пак корекција на обетките на мајка ми од пред 15 години. Имам направено и кутија за накит. Имав дома цветен материјал можеби 2 метра и немав на што да го потрошам, а грд е. Имав кутија од преса и ја обложив цела со материјал од сите страни и потоа исеков поголем дел и го ставив во внатрешноста на пола кутија и го залепив потоа и така направив и со другиот дел од кутијата. Исеков поголемо парче и тоа го ставив на другата половина од кутијата. Испадна убаво и сите обетки на мајка ми ( од оние што висат ) ги закачив на материјатлот и моите кои се со такво од позади за ставање ги набоцкав. Алките ги ставив во кутијата внатре. Слика не можам да псотирам сега, но ако го сликам ќе ставам за да видите. Интересно испадна и плус не ми се губат повеќе обетките и сите знам дека ми се на едно прегледно место.
Морат да те пофалам дека имаш преубав избор на обетки и идеата за да ги чуваш ти е прекрасна.Ке ти ја украдам во скоро време
Сум размислувала и јас за ваква варијанта, ама ми изгледа неубаво, како на пазар. Погледнете што најдов, уште да најдам некој што ќе ми го направи.
Фала Кристи многу е практично земаш, после одма си ги враќаш на место и нема губење на обетки, а и многу се не ги бери сите па вака ми се најсредени позз
многу сакам сама да правам работи, па и да не ми користат за ништо, едноставно се опуштам така и не мислам на ништо инаку следно сакам да си направам нешто слично на ова (малку поинаку го замислив) ако најдам време и материјали http://www.youtube.com/watch?v=JF6Zx1Ol ... ature=fvwp
Кога видов колку е лесно, ми дојде да се смеам и да не верувам на очиве! Полесно нешто од ова...АМИН!!! http://www.youtube.com/watch?v=Uk_D27Oz ... re=related