Симона а што и фали на ташната??? Ставај ја на рамо и трк на шеткање. Ова ти е винтиџ, не ја накинџурувај, добра е и вака.
Чантата ја добив минатата година. Се гледа дека е од времето на дедо Ное и ми беше забутана меѓу чантите. Ги извадив рачките (макотрпна работа беше тоа) , потоа ги направив машниве кои се од ракав од една рамбовка која ја направив сукња. Ги сошив на чантата и сега имам нова. Задоволна сум до резултатот.
Ми беше досадно и решив да ги направам цветчињава. Со оглед на тоа дека прв пат правам вакво нешто задоволна сум, освен од првото цветче. Се извинувам за квалитетот, апаратот нешто не ми го бива, па морав со телефон.
Многу ми се допаѓа оној накит направен од ФИМО материјал (полимерна глина) и би сакала да почнам да го изработувам...Дали некој знае да ми каже каде може да се купи?
Си беше еднаш привезок со ајфелова кула.. и да, ми здосади патем имаше и нешто бело на неа, извадив тоа привезоците ја оставив само кулата ја поминав со црн маркер (неопходно беше) и ми излезе како нова. Од едно ланче (бижутерија, со некави гломазни монистри, патем и грди беа) извадив една како врвка што ли да е, ја закачив ајфеловата и ете ланче. Ама некако не ми беше тоа тоа. Денес од една марама со леопардовски принт си направив машниче, го закачив машничето и еве што искочи. * Дали е подобро да си купам синџирче исто волку долго па да го заменам со тоа ко врвка што е или и вака е убаво?
Од досадни, грди балетанки ги направив овие. Да ги носам или да си ги вратам каде што си седеа? Спојлер Светљуцави беа па којзнае што им правев па вака искочија
Јас мноогу сакам да научам како да си правам сама облека. Имам машиина за шиење но расипана е и незнам каде се поправаат. Ако ја поправам би учела од оваа девојка GiannyL затоа што убаво објаснува и има убави идеи. Еве линк од едно од нејзините видеа http://www.youtube.com/user/GiannyL#p/u/43/0f3DkWHZiBA За накит имам сама направено околу осум алки но како со бисерчиња и можам да искомбинирам повеќе алки со различни бои. Јас и две мои другарки планираме да направиме уште па да ги продаваме. Исто така имам идеја како од едно ланче да направиш колку сакаш. Во мода се ланчињата со подолг ланец и голем привезок,па за ланец користам ланец кој го извадив од војнички плочки. плочките не ми пребаат па не ги користам, а за привезоци искористувам најразлични привезоци кои ги наоѓам.Имам околу 10 привезоци, а најпоследниот привезок ми е една машничка која ја извадив од скршена шнола. Баш е слатка оти такви се носат но не потрошив ни денар за неа Се надевам дека помогнав
Дека првин ги бањав, па пробав со се што ми дојде при рака, од арис де грас до виниш, па и шампони После мајка ми ги ставила во машина, и кога ми се исушија вакви ми беа..