И јас имам едни слични такви, таква боја се... Само што јас немам врвки.. Никогаш не сум ги облекла, ама од утре има ѕврцките да им ги извадам, ќе ги исперам и во доместос ако треба. х)
Кај тоа златното можеш да ставиш машничка, мислам дека би одговарала , црна , розевка светла, и крем боја А за рачка хм .. јас можеби и би го носела без рачка
Хахахаха Елена ме изнасмеа, ајде good luck with it и те чекам да ги постираш да видиме што си направила * Симона јас ништо не би и правела на ташната, златното ич не ни пречи а ташната баш си е јака вака
Накид да, многу често си правам сама накит. Кај што убаво излага, башка и релаксација ми е. А за облека знам да експериментирам со на мајка ми суќните хахахха. ,а да правам сама.. сеуште не сум пробала, мислам дека ке ја зезнам
Една мала ситница што си ја направив пред некој ден. Сакав да ставам уште 2 помали цветчиња, ама немав време, а и ова е доста големо.
Знам дека не е нешто посебно. Можеби ни ич. Но се учам да шијам па морам да започнам со едноставни работи. Најобична црна маичка, која и го нема баш обликот на маичка.
лелеле, браво, не знам од каде си ја копирала, ама јас имам буквално иста ваква, си ја купив 950ден. , имаше секакви бои, јас зедов месо боја и друга слична на тегет со бело
Прекрасни се ... само јас мислам дека пувчето од назад да го тргниш ( некако многу ми е и напред и назад пувче )
Еве едно корисно видео, како сами да направите турбан, повеќе различни начини како да го врзете http://www.youtube.com/watch?v=EWubPZTXn04 јас го врзав како оној што почнува од 2:30 , супер излезе..
Еве ги моите "фамозни" чевли Пред и потоа. Сега ќе си ги износам, греота е така да стојат, па поклон и се на мама од татко ми
Mене претходно ми беа совршени, а сега ми се некако кичести, имаат златно крукче а ти си им ставила делче со сребрено , некако не ми иде со ова Зошто ги модифицираше, немаше потреба ?
Ти благодарам сесилија на одговорот. Инаку се е до вкус, мене вака повеќе ми се допаѓаат , зашто на сликите може не се забележува, но врвките многу како излитени ми изгледаа, па решив да ги сменам. Ставив сребрени циркончиња, зашто сакам навечер кога ќе ги носам да ги комбинирам со една сребрено со златно ташничка. BTW овие циркончињава кои се сошиени на трака, лесно се вадат, па така кога ќе планирам да ги носам онака за на кафе, пак ке си ставам некои врвки , само други ќе си најдам .
Се согласувам со Kristii и мене не ми се допаѓа да го носиш како прстен,подобро би било да му залепиш шноле и да биди за на коса!