Хамбургерот, лижавчето и колачето се направени од ладен порцелан. А патентот е направен од обичен патент ќе си избереш боја, ќе го извадиш тоа, ќе најдеш од некои стари менѓуши и ќе го залепиш патентот на нив ЕДИТ:знам, ужасно објаснувам , ако не свати, слободно прашај
гледаќи ве какви прекрасни работи правите ме мотивиравте па зедов си направив 2 цветчина многу се онака слатки прв пат правев и успешно беше ќе ги сликам и ќе ставам слика да видите
Девојки имате некоја идеа што би можела да направам од овие? Пробав да ги дупчам со загреано желевце но многу тешко оди,не бива
^Колку што гледам овие се некакви бисерчиња па.. јас на пр. би направила ланче. Исечи едно парче материјал во некоја неодредена форма како облаче, така нешто (ако ме сфаќаш и залепи ги одозгора. Закачи му една лента или златно синџирче и ќе биде супер. Ако најдам некоја слика ќе ти покажам.
Да украсни камчиња се но би сакала за накит да ги искористам Се сетив на идеата,ако не добијам подобра најверојатно така ќе направам
Еве нешто лесно и интересно. Го поставив и во друга тема видеово, но сметам дека овде му е местото. http://www.youtube.com/watch?v=2JwdZC31 ... r_embedded
Да не знае некој каде можам да најдам монистри ама како привезоци..нешто како ова http://www.google.com/imgres?q=bracelet ... ,r:3,s:209
И најновото откритие: Значи овие што личат на камења ги направив сама со смеса од весник, и многу се поубави во живо, сиви се баш како камен а тоа едното е избоено сино, но сликани се со телефон и не може да се доловат боите.
^Техниката е paper mache. Весникот се кине на мали парченца, се потопува во вода да омекне, потоа се цеди водата и се меша со - некаде прочитав само со дрвофикс, некаде само со брашно, а некои ставаат и дрвофикс и брашно. Јас мислев да правам со дрвофикс ама видов дека ми се стврднал и ставив само брашно и супер излегоа. Од смесата се прават топчиња, со чепкалка се прават дупчиња и треба да се остават да се исушат. Јас ги сушев два дена. Овие сивите се небоени, а може и да се бојат и на крај се премачкуваат со лак.
Многу интересно мора да пробам Само имам 2 прашања : прво одприлика колку брашно се става многу,малку и второ ептен јаки стануваат,не се распагаат ?
Шо убаво, ме потсети порано како мали кога праевме со брат ми вакви топчиња и игравме голф со некои летви.. Иначе махер сум за вакви топчиња..
Од старата сукња на бабами (која беше облечена 2/3 пати), направив ново интересно летно фустанче (му се наносив летово )
Два ластици се, горе кај што беше коланот го отшив, и ставив обичен ластик, а на средината има 2 реда конец ластик.... иначе фала
На една страна најдов многу туторијали кои ми се видоа доста интересни и лесни, па верувам дека деновиве ќе имам занимација Еве некои http://alethaisraels.blogspot.com/2011/ ... orial.html http://emilys-little-world.blogspot.com ... lower.html http://www.henryhappened.com/how-to-220 ... for-5.html http://casosecoisasdabonfa.blogspot.com ... uiser.html Mayyya одлична ти е идејата, мора да се проба ова Hiii од камчињава тешко можеш да направиш накит, искористи ги за декорација, што всушност им е намената. Стави ги во некоја убава стаклена чаша и во средината стави свеќа...нешто вака... Спојлер