firequeenn, многу се фенси патичињата, што е за право Верувам дека таа лента во “живо“ не изгледа толку светкаво, на сликава блицот им дал двојно посјаен ефект. Jaс сум ЗА експериментирањето со бои, стилови и материјали! Многу ми се допаѓаат :up:
Онака ми затреба некоја лента за коса, па седнав си направив. Направена е од ластиче, цветно материјалче, и ружичка која ја направив од чипка. Ми се допаѓа како излезе, ми врши работа
Еве сум јас, пак со нешто ново. Денес завршив со правењето на уште едно ланче, кое ми одзема доста време, ама од резултатот сум презадовлна. Испадна подобро од што очекував. Дефинитивно не е како за сечиј вкус, па очекувам да ми кажете дали ви се допаѓа и што би смениле. За следниот пат имам да ви ставам неколку чанти што ги преправив. ама тоа нареден пат...
Шиени се. Не сакам да лепам, затоа што брзо паѓаат. А вака, кога се шијат, позицијата им е посигурна, затегнати се и не ми се случило некогаш нешто да ми испадне. Сепак, ако некое делче ми делуванесигурно, додавам и малку лепак за секој случај.
Девојки ми треба совет од вас. Дали ви се допаѓа ваков дезен?(да не е демоде)? Незнам дали убаво се гледа на сликата бојата - тегет е со светло сини цветови. Сакам да сошијам фустанче некое или суќна но се мислам бидејќи материјалот е крут без ликра и што најмногу би одговарало. Имате ли некаков предлог или да го вратам таму кај што го најдов? ( во стариот плакар на дедо ми и баба ми )
Јас сакам да и кажам едно големо благодам на Mayyya за рецептот paper mache Девојко благодарение на тебе секој ден месам весник и си направив преубави нешта Сега имам и нова колба која изгледа прекрасно.Боите на колбата се небесно сино и бело но не ставам слика бидејки веке ставив две и не сакам да претерувам иако ова ми е најубава
Супер ти се Памтам ко бев 4-то имав вакви бели патичиња и со исти вакви врвци,преубај ми беа,тогаш беа многу модерни,незнам дали се сеќавате Ако најдам слика ќе ставам...
Девојки, ми требаше нов несесер за шминки, и онака седев дома, од досада си го направив овој Има црн материјал со црна чипка врз него и голема машна од чипка. А од назад Во живо поубаво изгледа, тука некако како избледено е Исто така си направив и ланче
ааа женски почнав да ви љубоморам на убавите ланчиња, обетки.. па јас одлучив да ги земам старите обетки на сестра ми си напраив мои
Девојки може подетално за paper mache? Колку ситно треба да ми биде исечен весникот, колку брашно... јас пробав и направив каша а баш сакам да си направам
Со оглед на моето ептен скромно искуство со машината за шиење, не осетив никаква разлика при шиење на еко кожата и обичен материјал. Лесно се шие бидејќи не е толку дебела кожата.
Дома најдов школки, сакам да си направам обетки или алка. Ако може плус некоја идеа да ми дадете и незнам со што да ги продупчам школките.