Школките се доста комплицирани за изработка на накит. Еве од мое искуство ќе ти кажам, еднаш се нафатив да правам и никогаш повеќе. Проблематични се за дупчење( треба посебен вид на тенка бормашина) , а потоа тешки се за одржување. Мој предлог е да не правиш накит. Земи си некоја обична тегличка или кутија, и на неа залепи ги школките, украси ја, и направи си место за чување накит или тракатанци.
Еве ќе ви кажам јас како успеав да им најдам решение. Со она што е за отварање шишиња со плутена тапа - сврдлото. На оние големите ребрасти школки без проблем се прават дупчиња, а со малите и потенки школки треба да бидете повнимателни и понежни, ама сепак се прават. Спојлер Најинтересна занимација на плажа ми беше собирање школки А еве го моето едноставно а убаво, омилено ми е во последно време.
Алал да ти е за идејата Јас имам едно кило школки, летово ми дојде сјајна идеја, ама се разочарав кога видов дека немам начин да ги дупнам. Мислиш на ова, ако не се лажам? И така само ја ставаш школката доле, и вртиш врз неа?!
^Да, тоа е тоа. Вртиш врз школката ама треба и полесно да притискаш додека вртиш. Ама и да не е многу силно зошто ќе се скрши школката. Добро, ќе прежалиш неколку школки пред да добиеш осет. Почни со понеубавите.
Тоа е нешто како школка, не знам од што е точно. Имаше во Сева, ама пред еден месец и повеќе го купив. Имаше повеќе големини и беа 10-30 денари.
аа јас викам којзнае што е, јас имам вакви од одмор многу ќе си напраам и јас вакво, и ќе ставам слика да видите како ми испаднало
Ова ми е малку од поодамна направено, ама сега се досетив да го ставам. Го правев за на факултет имавме за задача да направиме рачна изработка. Целото е рачно направено, вклучувајќи ги и ружичките, ама се намачив за нив бааги.
Или уште поедноставно, на старо плико кое не го носите само наредете ги нитните. Јас имам направено така едно плико, а и уште едно, кое претходно го обложив со нов материјал и потоа го украсив со нитни. И еве сега прилика да ви ги покажам.
Cношти си го месетв накитот,и забележав дека има некои ланчиња што сум ги добила како поклон или сум ги купила со некоја туника,а најмногу ми е криво за брошот што беше прстен а ми се одлепи Aј дајте ми идеја што можам да изменам,да додам зашто многу ми е монотон накитов и не ми се носи,а нејкам ни да го подарам A најмногу барам помош за брошов
Па освен да го залепиш некако,друго не знам како би го искористила.Или да го направиш како ланче,некое поинтересно синџирџе да најдиш,само не ми текина како би можела да го ставиш и ланчето.
На брошот кај што ти се одлепени две перли, ќе залепиш други (ќе ги одлепиш и тие двете и ќе си залепиш исти). Ако сакаш да го носиш како прстен - се продаваат такви обрачи за прстени имаш во Делфина и во Монистра и медалјонот ќе го залепиш, а ако сакаш како брош ќе си купиш механизам со безопасна исто има таму и ќе го прицврстиш на брошот. А Делфина се наоѓа во уличката кај Кинг Бургер (за феминката што праша).