aaa epa super ) i jas imam vo mala edna komsivka snajderka i dobro e toa zatoa shto koga mi treba neshto pred charshija ili neshto patent se iskinal vednash tuka mi e blisko a kolku ti zima ? pr neli ako odish dva tri pati nedelno neshto..valjda ke ti zeme nema da e bez ich [mod-kirilica:20a0vx9n][/mod-kirilica:20a0vx9n]
Вака ќе одам 3 пати неделно и за 1 месец ми побара 3000, значи 12 пати ама ми рече дека можи и по цел ден да останам....така да не е многу кога ќе направам нешто ќе ставам да видите
Многу убави, интересни работи имате постирано, и тоа видеото на Старфиш изгледа многу лесно и едноставно да се направи, ама мене не ме бива воопшто во оваа работа, а толку многу сакам, сигурно ќе зафркнам нешто ако пробам
Јас стварно немам идеја и незнам како да си напраам некој накит или да си сошијам нешто што си посакувам. Но имам една другарка полна со вакви идеи и сама праи накити абе преубави ,стварно незнам од кај и текнуваат идеи.
Имав комплет ѓердан и обетки Ѓерданот беше многу многу голем и смешен дечкото ми го даде за роденден (оттогаш се договоривме заедно да одиме по подароци ) Ми стоеше во кутијата за накит добри 2 години и сега го размонтирав -си направив брош , белезица и пократко ланче Ту би ор нот ту би, или ќе бидам мајстор или мајстор расипи
Леле Kate што ланче ќе беше ова па успеа волку да направиш од него?! 5 метра долго ?! Сепак супер што си го направила по мерка, а и другите работи супер ти испаднале!
^ Дури и ми остана уште за една белезица да си направам ама од тие поголемите монисти а бидејќи имам слаби рачиња нема убаво да ми стои Ѓерданот беше многу долг ,цветот беше на средината - го немав ниту еднаш носено, срам ми беше
Јас имам накит правено сама.си купував монистри и све друго што треба за ланчиња,алки и обетки и си ги правев сама-какви сакам такви!инаку не се исплаќа за накит да правиш зошто не испаѓа баш евтино,освен ако не најдеш на големо па да купиш повеќе
leleelleee ama obozavammmm da prepravam stari raboti i od nisto da napravam nesto [mod-kirilica:2osvshst][/mod-kirilica:2osvshst]
Да, не се исплатува, особено ако купуваш некои поубави камчиња. Јас првев една алка, целата со камчиња, која на крај ме кошташе дупло од цената по која би ја купила во продавница. Не истата се разбира, ама нешто слично. Набавката на убави монистри и полудраги камчиња ич не е исплатлива. Затоа си правам сама само некои посебни работи кои знам дека нема да ги најдам на друго место. Инаку понекогаш на пазарите, може да се начекаат ефтини монистри и делчиња, така во една ќесичка повеќе. Ама ретко, многу ретко.
Па вака сега...накит имам нешто направено ,некои обетки,нараквици ама малку една,две.Како мала се научив да си шијам и до ден денешен имам сошиено многу работи,како за мене така и за моите домашни (тука подразбирам сукни,кошули,панталони абре се)... само морам да напоменам дека тешко е шиењето,кој сака нека рече,ама задоволството кога некој ке те праша ..еј извини од каде го купи.?..е огромно.!!!!..ова испадна како голема фалба али ај ќе ми простите
Браво, јас сега учам да шијам и не е лесно вчера увидов...мислам самото шиење е лено ама да скројам нешто не знам како ќе оди тоа, ти како го научи по бурди, или сама со кредата ?
Ќе учиш со вадење шнитови од бурдата. Така е најлесно, а самото вадење шнит не бара многу време, ама бара перцизност. После сечеш материјалот, па после со фирц ќе обележиш каде треба да направиш штеп. И на крај доаѓа машината. Не е тешко се на се, само треба трпеливост. Јас научив од мајка ми.
И јас сакам да пробам да сошијам нешто, имам и неколку бурди дома. Ама незнам на што да ги прецртам шнитовите, кај да купам некоја голема хартија? Инаку порано често си правев сама обетки, ги купував од една продавничка кај Кинг Бургер, ама одамна не ми текнало пак да си направам нешто
Па на почетокот шиев со изваден терк од бурда...(имам само една )и тоа првин панталони,од оние со патент на страна,а после и потешки панталони.Само да ти кажам дека кога ќе си шиеш еве за тебе лично,теркот кој ке го извадиш од бурдата ,еве нека биде број 40 може на тебе ке ти биде или тесен во бутовите или широк.Колку повеке шиеш,ке си ги научиш твоите димензии и ке си ги нацрташ еве на пример на твојот терк за панталони. Инаку јас сега си имам направено теркови кои ми одговараат на мене,и само си ги цртам на парчето и си шијам.А на тебе ти посакувам многу трпение при учењето...знам по мене