Уффф, многу ми стои широко (пошто сум слаба + висока) пробав и со каиш, исто така е права и глупо стои...а и не носам толку долги сукни, обично тие што ги имам ми се барем до над колена... Ништо тогаш, ако се одлучам или ќе одам на шнајдерка или... канта
By Uploaded with ImageShack.us Uploaded with ImageShack.us мал дел од она што имам до сега направено, првите цветови се за во коса, но може и ко брош или за на венче да се направат.
Алка е, или ланче? Во секој случај е многу убаво. Од кој го купи делот, на кој се закачуваат синџирите? И цветчињата се супер. За да не ти се такви разресени, можеш со упаљач да ги загориш краевите и нема да ти се ресат.
Интересни машнички . Ќе ни кажеш како ги направи? Кога ќе имам слободно време да пробам да направам и јас...
Фала на убавите зборови Старфиш. Иначе тоа е алка и кога е ставена на рака изгледа уште поубаво. А делчињата на кои се закачени синџирите ги купив од монистрарата "Делфина" во Центар. Имаат доста голем избор на такви работи. А цветовите ги сликнав само што ги направив, иначе сега се поминати со упаљач. Емма89 направени се според туторијал што го сретнав тука во муабетиве на темава, да го најдам и одма ќе те известам за да си правиш и ти нешто кога ќе можеш.
И јас правев пред некое време... Сега не ми доаѓаат некако идеи а немам и живци! Но, планирам и јас нешто да пробам
Еј девојки ми треба идеја да направам нешто за да си ги ставам обетките и да ми бидат средени...помогнете :/
Ме немаше, решив да ја освежам темава малку Сликнав два пара обетки и еден прстен, не се баш тазе правени, ама ептен си ги носам. Првите се и доста гломазни, не се баш секојдневни, ама другите со многу кежуал комбинации ги носам. А ова е една чантичка-плико, направена односно преравена од една ПРЕгрда чанта! Малку безвезе сум ја сликала, ама формата е полукружна, од некој си вид на еко-кожа што свети, како лакована доаѓа. Не е носена уште, се мислам дали воопшто да ја носам. И морав да си се редактирам. Уште една чанта, малку поголема од стандардното плико. И треба доработување, ама не знам што би и направила. Фала на колешките на мајка ми, што ми поклонуваат ужасно грди чанти, кои морам да си ги преправам
кај црвената ташна можеш во тие дупчињата да протнеш лента,не можев да најдам слика но мислам дека ме свати
Морам да си прашам нешто што ме заинтригира, бидејќи неискусна сум. Кога ги правите цветчињата, сечете, пустите, океј - најдов видеа, ќе пробам, ама не ми е јасен делот со упаљачот што сте го спомнале. Нема да пламне целото цветче !? Како всушност да го изведам тој фамозен чин? Плава сум, простете.
Имав едно бисерче мало кое беше залепено на една бомбона што ја даваат по свадбите. Случајно ми се одлепи и видов дека има дупчиња. Имав и едно сребрено ланченце од Авон на кое ставам различни приверзоци во зависност од тоа која боја ми е гардеробата. Го ставив бисерчето во ланченцето и излезе екстра нежно и убаво. Синока добив многу пофалби за него Не е баш којзнае каква идеја за направи сам но можеби некој друг има дома нешто слично за кое не му текнало да го преправи па еве идеја. Еве го ланчето со бисерчето. Инаку побарав и на нет слика и најдов идентично Спојлер