Чепкајки низ плакарот на баба ми наидов на една прилично искината ташна(како плико е) и баба ми ми кажа дека не ја користи само и фаќала прашина. Мене ми се споија тука неколку жички. Ја закрпив, ја исфарбав кафеава и ја светнав со лак, најдов стар златен синџир го исчистив и го закачив заедно со тие по ќошевите што се. Па сега, кажете ми дали е за употреба или џабе трудот и потрошеното време
Ви благодарам џенцки Значи се исплатиле тие два саати со игли и уште триста чуда во рака(има и последици)
Каде може да ми направат плико од постара ташна? Знам темата е за НАПРАВИ САМ, ама ова не можам сама башка машината не ни шие дебел скај, лакиран + Ташната нешто е како змиски дезен и било супер плико, ама каде да ја однесам?
Cyntia, топ си ја направила ташната со здравје да си ја носиш и со парички да ја полниш Него јас сум со задна намера, да те прашам како ја офарба, со спреј или...??? И јас имам кожни ташни на кои им треба само добра боја па се мислам се премислувам со што да ги офарбам...
Имав едно најобично црно венче па си го обложив со едно цветно материјалче и сега многу си го сакам одвај чекам да си го носам.
Гледам дека сте баш креативни, може ќе ми помогнете Имам случни чизми ко на сликава , само со подебела штикла и воопшто не ми се свиѓа како стојат ни со фармерки ни со фустан. Некако бош висина ми се .. не знам .. не ми праат кеиф. Некоја идеја ?
Mermaid, јас не би се зафатила да го правам сама, затоа што станува збор за обувка и тук е малку потешко и комплицирано, бар за мене. Би си одбрала некој модел во интернет и со некој материал дополнително би ги дала на чевлар. Можеби добро би испаднало ако станат вакви: Спојлер Jaс би одбрала највеќе ова, со некоја стара јакна со пухчета со кусо влакно, можеш да се пробаш да го направиш... Спојлер Види одбери си некој модел во интернет, договори се со некој кадарен чевлар, прашај го дали може вака да ти ги направи, и ако може колку пари ќе ти кошта, во секој случај по ефтино треба да ти дојде, отколку да си купиш... Јас лично сама не би се нафатила, јако многу сакам да правам разни ствари сама...
Ќе направам наскоро и ќе објвам!Многу е лесно,но треба да имаш трпение! Инкау си правам колекции,имам направено ланче,обетки,прстен и белегзија.Тие ќе ги носам за нова година!И онд наскоро ќе ви објвам слики!
Ташничка. Едната слика ја осветлив малку за да ја видите убаво бојата. Сепак нијансата е нешто измеѓу двете. Не ми еубаво запеглана, затоа од страните е нерамна.
На битпазар позади пазарот, кај албанскиот театар, има една продавница за нитни, ленти, монистри, ластици... Побарај малце подобро, продавницата е малку забутана во една уличка. Таму има вакви нитни, само помали се од тие сликата. И ја си прашав на оваа тема, ми одговорија и си најдов. Знам дека едно кесиче е 50 ден. а внатре ми рекоа дека има 60 нитни. Можда има повеќе или помалце, не ги броев но така ми кажаа Таму дефинитвно има!
Имам златни чевлички и се чувствувам како принцеза! Не одзема многу време преправката, ама првиот пат кога ги облеков ги уништив уште истата вечер. Згрешив, бидејќи ги испрскав со лак за коса, а знаете тој каков ефект има на стврднување, па почнаа да се лупат по малку на некои места. Пак ги преправив, денес, и нема да ги испрскам со лак, ќе ги оставам какви што се. На сликата се гледаат некои местенца кај што не треба да има светки, треба да се досушат, па утре ќе го изгребам вишокот. И повеќе пофалби за чевли не сум добила во животот! А само јас и уште една другарка знаевме дека всушност чевлите се преправани! Пред... Потоа
^ Сега се уште поубави од предходно. Оргиналки, еј. За Нова Година да си ги носиш! Инаку, џенски, сакав да ве прашам што е најефикасно за средување на накит? Низ цела куќа ми е, а немам кај да го закачам. Ај некои идеи