Мајка ми користи од онаа тенката хартија за готвење, не знам како да ти ја објаснам Или пак оние ептен тенките листови од а4 формат, скоро проѕирни што се, ги спојуваме со салотејп и така правиме. Тоа се најтенките листови, и немат многу голема примена, а мислам дека во поснабдените книжарници ги има и најисплатливо е да купиш цел том.
Скапи се монистенцата, еднаш со сестра ми си купивме и си направивме само едно ланче и едни обетки. Еве го ланчето а обетките не се кај мене моментално, ама ништо посебно
Не дека ги направив сама ама си ги направив по мој вкус. Си купив балетанки цели 100 денари, розеви со некои цветичи на нив. Си дојдов дома, ги извадив цветовите. Арно ама не се носеа така. Отидов на Битпазар и си купив монистри ли, циркони ли, кој знае што се, си ги залепив и се утепав од носење. Така за 200 денари имав уникатни балетанки. Кога ќе можам ќе ги сликнам.
Ааа марамке сакам да ги видам!! Многу сакам да ги видам!!! Ептен ми е мерак кога нешто рачно направено е поубаво од купечко! Сликај што побрзо! А и јас имам да ставам тука доста работи, ама прво учењето па после занимација.
Ова го направив пред некој ден, ги имав бисерчињата, беа 2 гердани и јас ги направив како еден ги пренижав и му го додадов панделчето (сама го направив) е сега квалитетот а сликите е лош (од мобилен) а во живо нема разлика помеѓу боите не се забележува
Уште одамна барав да си купам такви некои но неможев да најдам убави, и се си викам ќе си купам некои обични и сама ќе им сошијам монистра, ама никако да го направам тоа
Еве уште нешто од мене деновиве баш сум расположена за правење на вакви работи (ова ми е за на коса или како брош)
Моментално имам едно ланче во изработка, ептен сум внесена и се надевам дека добро ќе излезе. Кога ќе го направам, ќе го сликнам и него и се што можам да дофатам, а е моја изработка. Имам прилично работи со кои сум многу задоволна. Лакигрл убаво е цветчето. Јас би му додала малку тул од доле, за да се пополни малку
Порано правев накит ланчиња,ѓердани,шноли или ако некоја нараквица ми се расипе ќе ги извадам сите монистри и одново нешто поинтересно ќе направам и сега правам по некојпат ама ретко A за облека сега се учам со мама Sакам да си сошијам некој убав фустан или бој Aма мама не ми дава вика прво ќе вежбаш да правеш рабови и такво полесни работи па после ќе ти дадам на машината да шиеш
и јас порано како помала многу си шиев перничиња, ташнички... но сега повеке се ориентирав на изработувањето накит веке 5 години си го правам сама го носам некогаш и по изложби за уметници-ракотворци што се одржуваат во Скопје па засега добро ми оди и плус многу е креативно и интересно.
Конечно го завршив ланчето, вчера речиси пола ден го правев, а денес ми останаа само завршните работи. Погледнете го и кажете ми дали ви се допаѓа и дали би го носеле? Ружите се направени од материјал сив и црн, има бисерчиња на некои места, а траката за заврзување е од еден специфичен материјал. Малку е разресена, ама немам моментално упаљач за да ја џишнам од страните. И...
Дали би го носеле ? Старфиш па ти се зафркаваш со нас, ланчето е прекрасно, преубаво, се заљубив Дај го мор ваму
Би го носела и тоа како!!!! Праќај ми го! Ми се допаѓа многу, многу, посебно и што има бисерчиња. Леле на рамбовче како би дошло мх мх. Браво Старфиш!!! Иначе видов вакви ланчиња со 4-5 ружички од цветни дезени, со лента сатенска и беа ефтини по 250 денари, од Дуки и Дасо. Горе во ГТЦ една мала акцесорис веднаш до едни од скалите се наоѓа Како и да е твоето е дааааалеку поубаво и пред се уникатно!
Пред се, многу ми е мило што ви се допаѓа. Роси, највеќе го направив од инат на сестра ми. Пред некој ден го купи тоа ланче, за 350 денари, сосема црно, со многу мали цветчиња и монистри. И реков дека поубаво ќе и направам, ама не ме слушаше. Е сега кога ќе дојде, баш да видам што ќе каже
^ не и го давај!!! Леле иста е ко сестра ми инат. Се што ќе купам не и се свиѓа. За после да ја видам како го носи