Оваа алка ја направив при крајот на летниот распуст....Направена е од оние со кои се отвараат лименките незнам баш како се викаа....Добро излезе но го утнав конецот бидејќи зеленето баш и не ми оди се но се надевам дека ќе направам повеќе во разни бои....(сликата е малку замачкана но не е голем проблем ) Што мислете вие?
http://www.youtube.com/watch?v=7jyTtTaEXv8&feature=fvst http://www.youtube.com/watch?v=m4RFH0q0Osk http://www.youtube.com/watch?v=-6yDxK68OZc погледни ги овие, можеби ке ти помомогне некое, има уште многу побарај на youtube
Многу добра идеја ми даде...Иначе,сите 3 пара менѓуши ти се мноогу убави,а посебен впечаток ми оставија последните...Секоја чест на креативноста
Мојата новчано-плик чантичка ...ја обложив со друг матријал затоа што претходниот решил да остари и и ставив мал додаток
Mameha.....Немој погрешно да ме сватиш но јас мислам дека чевличките би можело да ги обложиш со друг материјал....Но секој си има свој вкус
Да да се е до вкус не се лутам за никаков коментар секој си има свое мислење ама мене ми се многу убај
Кога бев последниот пат по продавниците,забележив дека многу се носат онакви плик ташнички,но со патент и повисоки,личат како за лаптоп.Многу ми се засвиѓаа,имаше разни дезени...Ај ако некој најде некој туторијал за како да се направи таква нека објави...Многу ми се допаѓаат.
Не е гардероба ни накит туку држач за чаши наменет за чување на накит. Тоа е дел од мојата креативност, само што го видов си го пренаменив, па така филџаните и шолјите за кафе сега се заменети со ушници, белезики итн. Еве во прилог слика: Се надева ви дадов некои нови идеи
Сликите се малку темни, но само такви имам вака ги организирав моите обетки, стари мајци кои веке не ги носам ги закачив на офингер, а потоа на маиците ги наредив обетките, и си ги чувам во плакар, така не ми се собира прашина на нив
Инес се познава многу дека ти е правена. Подраби ја и горе и доле, не знам како се викаше онаа техникана зад игла или нешто така. Знаеш да не го продираш со иглата цел материјал за да не ти се познава на надворешната страна конецот, него да ја пикнеш иглата помеѓу материјалот. Ме сфати најверојатно, штом шиеш треба да знаеш.
имам објаснување низ слики како да се направи кутија за накит, шминки и сл. само незнам како да ставам повеке слики вака ми дозволува само 5, а целиот туторијал е 20 слики, пишите како да ги закачам сите од еднаш да не пишувам 4 поста по ред