Старфиш, креативецу......преубаво е Да не си фрлила ни денар во бижутерија за она кое можеш сама да да го направиш. Многу, многу ми се допаѓа. Си размислила за изработка на накит-професионално??? Сигурно би била успешна
Старфиш, зимаш нарачки, овај примаш ли? Колку зимаш? Your middle name must have been creativity - и сериозна сум. Продолжи и понатаму да и се инаетиш на сестра ти а ако сакаш ќе ти дозволам и на мене да ми се заинаетиш онака бе, од досада, чат пат, а што викаш? Што да ти направам за да те натерам да ми водиш инает?
Старфиш, навистина прекрасно. Јас си купував такви фљонги (шнолки) исти ко овие твоите цветови ( и истите две бои), а една ја платив 100 ден. И навистина, примаш порачки ?
Искрено да ви кажам, ептен се охрабрувам вака Ме терате да почнам да размислувам за мал бизнис, а ако би почнала воопшто тоа ќе биде најмногу за вас Здравје, има време, прво факултетските обврски, па после останатото. Уште еднаш благодарам за убавите зборови
Старфиш, прекрасно е ланчето , секоја чест. Ова исто како сестра ми да го пишувала . Кога ќе купи нешто од прва мрчам и велам ама е грозно. После дадо.. може да го носам?
Мајка ми користи хартија од весник и индиго, се спојуваат неколку дупли страни од весник да се добие голема површина и се спојуваат неколку листа индиго. Најдоле оди весникот врз него индигото и најгоре шнитот, со пенкало или тенок цврст предмет се поминува по линиите на шнитот и тие се копираат на весникот , после весникот се сече по линиите и се добива нацртан шнит, тој се става на материјалот и со креда или суво сапунче се црта на материјалот. Порано таа хартијата била скапа , па импровизирала, а јас си се научив така да ги вадам шнитовите, никогаш до сега не сум ги вадела на таа тенката хартија.
Старфиш, девојко, едно огромно БРАВО! Навистина имаш талент за овие работи, а и ланчето е прекрасно, ме воодушеви! Сигурно би имала огромен успех, доколку би се занимавала со ова! Уште еднаш браво!
Случајно вчера чепкав на сајтот на Бурда и ми се виде интересно. Како од машка кошула да направите интересно здолниште...
ај плис слика сакам да видам и јас сакам да си купам балетанки и да си ги направам зш не можам да си најдав пупиња многу мало ноже имам
моја идеа за накит т.е за обетки ако имате обични тркалезни алки танки можете да му стаиве мониста поголеми некои и на едно што ќе биде на средина да му ставите пуфка некоја или нешто друго . јас така си направив имав алки а ич ги немав носено и му ставив мониста од ланче т.е бисери ама сиви се моите и тоа во средината ми е коцка и го излакирав со лак во потемно сиво и светки му ставив . сега не ги вадам од мене
Девојки значи не се кој знае какви ама мои се СЕга сум во план да ги извадам овие да си ставам цветичи
Ова беше ремен Тоа црните кожинки беа и те како подолги и како украс си го носев. Арно ама се искинаа тоа кожинките и не ме префаќаат сега. Што можам да си направам од него, има интересни работи на него. И викав некоја алка да направам или нешто слично. Секое мислење е добредојдено
Алка. Сечи ги тоа врвките и од другото направи алка, со тоа што кругчето да ти дојде на средина. Или ако не сакаш алка, можеш ланче да направиш. Или пак само од кругчетп да направиш прстен. За што си повеќе расположена, тоа направи си.
Уауу! Супер се идеава за жал немам машина за шиење,а толкав стручњак не сум па рачно да шиам сепак можеби ќе купам една па ќе си правам облека, навистина сиве фустанчиња од видеава воопшто не се познаваат дека се рачно шиени супер е
Правам едно ланче ... и си ги дотерав едни постари пантолони и сега се ептем шик друго имам направено некојку цвекинја едни од креп хартија и свила а другите од повеце цвека со не биле убави и мн убави сега испаднаа сега фотоапаратот ми нема батерија ... али деновиве ке ставам слика можеби ке си дојде некаква инспирација