Не знам зошто ама еден не сум ви постирала слика од моите сандали. Ги направив со помош на мајка ми, бидејќи пред 2 (а можеби и) 3 години, и не бев толку вешта. Значи додека сандалите со „дрвен ѓон“ беа по 2 или 3 илјади денари јас ги направив исклучиво за без пари. Чиста кожа, која ја имаше мајка ми купено од бифшото, но беше многу добро зачувана, црн дебел тексас за кој ги скратив едни фармерки и ги направив куси, бидејќи си ги носев само за по дома. и „дрвениот ѓон“ и лично неговите штравчиња останати од сандали од мајка ми од 80-тите. Успат мислам дека ѓонот е рачна изработка. Спојлер Бојата е розова. И јас мислам дека би било подобро лепенката да ја направев во црна боја, ама само црвена лепенка имав дома Штиклата ја поправав, а предниот дел скоро го упропастив па ќе ги носам пак на мајстор за да ми стави нов преден дел
Еве за машнички http://abeautifulmess.typepad.com/my_we ... y-diy.html http://abeautifulmess.typepad.com/my_we ... ng-st.html http://abeautifulmess.typepad.com/my_we ... binet.html малку потешко ова, а практично.
Женски, имам едноставна светло кафеава ташна. Сакам да и` придодадам нешто (цветчиња, лентички.... )....Дали имате некоја идеја? И со што можам да ги ставам? (ташната е кожа, поточно скај ) И дали негде има да се купи материјал-антилопа и колку пари е метар?
Има во Матекс, Битпазар, насекаде кај сот се продаваат материјали за мебел. ама не оригинал, туку имитација кој е сито убав. Мислам дека чинеше околу 250ден. за метар
Ајде девојки дадете ми предлог шо да и направам на кошулава... ми се свиде и ја земав за 200 ден од пренди.. Ама некако ми е бајчки долга и широка ... Тоа после ластикот под градите ми е бајѓи широко ... Се думам да е стеснам скроз и да ја скратам или ? ? ?
Еве скроз иста како оваа е (светло кафеава) и има слабо ременче за преку рамо. Талита, јас би ја стеснала без двоумење. Не преферирам долги кошули, па јас и би ја скратила. Ти најдобро си знаеш дали сакаш да е долга или пократка. Долга можеш да ја комбинираш и со хеланки. Иначе многу е убава кошулата.
Мене ми е убава кошулава ваква како што е, немој да ја кратиш ни да ја стеснуваш, немора се да е тесно, можеш само ластикот да го стесниш ако ти е широк др ништо не менувај. Со балетанчиња и хеланки ќе си ја изнаносиш в пролет, а и на лето за навечер Како што самата рече За чантичето мислам дека убаво би било да му направиш 2-3 цветчиња во црвена или портокалова боја (тиква боја или пак крем со тегет, или голема панделка преку цело чантиче
Искрено мене ми се допаѓа ваква. Или дека јас сакам модели што паѓаат широко од градите надолу. Само ракавите би ги скратила и би ги направила три-четврти онака подвиткани... Се надевам ме разбра како
И јас мислам дека не треба да ја менуваш кошулава, прекрасна е ваква каква што е можеш само да си ја расипеш.Се согласувам дека можеш само ластикот да го промениш, а за другото како ти ќе одлучиш.
Една интересна идеа:рециклирајте пластични шишиња и направете си интересни цветчиња.Јас ќе почнам со собирање уште денес и одвај чекам да си направам да видам како ќе ми испадне.Ќе ги постирам кога ќе ги направам. http://www.youtube.com/watch?v=81ae4eG5 ... re=related
Maшничкава ја имав на едно летно маиче ама ми се одлепи при перење и така си остана,па најдов едно старо сребрено ланче на кое привезокот ми се скина па ги споив и си добив ново ланче. E сега,ме интересира дали некој знае како може да си ја направам обетката. Ги имам носено одвај 2-3 пати бидејки ми се скрши позади делот. Еве сликиче да видите за кој дел ви зборам:
За обетката ќе ти кажам ако јас си проправив слични обетки. Ти треба гвинт (тоа делчето со кое се закопчува обетката) ама не метален, туку силиконски. Не знам точно каде можеш да најдеш, ама ако ти се наоѓа низ дома од други обетки , супер. Ќе го свртиш наопаку и со супер лепак ќе го залепиш на местото, убаво ќе притиснеш и во меѓувреме ќе го пикнеш металното (тоа правото што ти влегува во уво) во гвинтот. Фино да ти се исуши една ноќ и ете ти. Би требало да држи иако не знам колку ти се тешки обетките. Мислам дека ме разбра, подобро не можам да објаснам.
Па не се баш лесни и не знам колку ќе држи силиконското гвинтче. Те разбрав многу добро, интересна идеја,сепак ќе пробам и така ништо не губам. Можеби ќе ми успее, криво ми е ич ги немам носено бидејќи одма ми се скрши тоа. Фала.
пробај со силиконот ако не успее пробај и вака малку е покомплицирано ама држи многу и ке изгледа исто како претходно што ти била обетката, се продаваат вакви делови за обетки и пробај да го залемиш, сигурно татко ти или некој од роднините имаат лемарица и калај па замоли ги да ти ја направат обетката