Еве нешто интересно. Сигурно ќе направам една со бисери, многу убаво и елегантно изгледа. И една со различни камчиња.
Еве и од мене интересни идеи што ги пронајдов,денес се снабдив со сите потребни алатки и монистри и додатоци и се надевам ќе ме има често во оваа тема...
Феминки имав прилично досаден ден и еве ја пробав идеата со закачалка за накит бидејќи незнаев како да ги складирам и ова ми е совршено решение за нив... Закачалката ја обвиткав со оваа марама со светки која што беше аут оф ени категору и на крајот ја врзав со ластикце и не се приметуа од ланчињата. Ставив клинче на зид и изгледа прекрасно според мене а и многу практично бидејќи веќе не ми се плеткаат ланчињата
Shoe-Gal.....Супер ти излегол држачот за ланчиња....Би го направила и јас но немам доволно ланчиња за да закачам на него па ако имате некоја идеја за некое ланче кажете.....П.С сакав да ве прашам дали некој знае каде можам да најдам полумерна глина и која е цената??
Освен на женски пазар кај можам да најдам материјали (за правење цветчиња и сл.), негде низ центар, Кисела вода...
http://www.facebook.com/pages/%D0%9D%D0 ... 4657571493 девојки ја најдов оваа страна на фацебоок има прилично добри работи ми се допаѓа па ако мислете дека може да најдете нешто што ќе ве заинтересира зачленете се .....
Си отворив тумблр (како да блогот малце да ми одзема време ) http://drenkadiy.tumblr.com/ и планирам таму да си ги ставам моите *направи сам* проекти. Првото нешто ми се нараквици кои ги боев со фломастери. Во иднина планирам и поубави слики да правам
Дома најдов копченца во вид на бисери 9 парчиња се и изгледаат вака: Е сега сакам да направам некое ланче од нив, да ги нанижам на нешто или не знам... немам никаква идеја? Помош?
неколку идеи, се надевам дека ке ти помогнат http://randomnicole.com/blog/2012/01/17 ... n-jewelry/ може да залепиш парче материјал од задната страна, да не се познава жицата со која се врзувани копчињата а може и нешто вакво во комбинација со други копчиња
Епа еве што испадна од туторијалите од интернет имам уште материјал,планирам уште да правам...Само пртенчето незнам дали да го носам,а и ми е страв дека ќе се одлепи,неколку пати го лепев Па,како ви се допаѓаат?
барав идеи за организирање на накит, еве неколку што успеав да најдам лесни се за правење http://blog.kuzakscloset.com/2011/01/je ... efore.html
од тетратка со дебели корици или оние тефтери што се со корици како од кожа незнам како се викаат, ке ја земеш со се листови и страните каде што ке се закачуваат обетките ке ги оставиш (5 пр.), па потоа ке исцепаш страни за да се направи простор за обетките (15 пр.) ке видиш колку простор ке е доволно. потоа страните што ти остануваат ке ги обложиш со материјал ( може да ги зашиеш како што е на сликата или да ги залепиш на краевите) и ке направиш дупчиња за обетките, а може и кориците да ги обложиш со материјал мене тоа ми текна, ако има некој друга идеја нека пише
http://www.youtube.com/watch?v=cRVA...xt=C3a08972UDOEgsToPDskLegYzVsPcJyY9O-BPJxPmL Најдобра еее!! Во блиска иднина ќе одам во секнд хенд шоп и ке си купам кошули неколку. Ова стварно ми се допадна
Ај девојки да ве прашам нешто Имам едни сандали со тенки ремчиња (кожни) ама се во две бои жолта и зелена, е сега сакам цели да ги направам во една боја т.е. жолта, ама незнам со што да ги офарбам? Има некој идеја со што да ги средам??? Мене единствено што ми текнува е оној спрејот за графити цртање, ама незнам дали ќе успее со него и кај да го купам
Не знам дали ќе ти успее, но пробај.Таков спреј обично може да се најде во продавница за бои и лакови.
мене ми кажаа дека спреј за кожа имало во продавницата за бои и лакови која се наоѓа кај бунјаковец. ако идеш одкај еми-бижутерија па накај зегин што е.
Девојки ќе може ли да ми ја пратите сликата на која имаше шема како се прави кутија за подароци / накит од картон. Благодарам !