Random jewelry storage ideas http://www.inspirebohemia.com/2010/05/random-jewelry-storage-ideas-that-i.html Дрвце
Еве ново од мене. оваа едни обетки беа, јас 2 пара си направи. Маска за во училиште. И еве кутиичката што имаше туториал со слики, многу е лесно.
Ве гледам сите постојано ставате вакви дрвца, рамки и кутии отворени за накит. Нели не е убаво накитот да е на отворено и да ви фаќа прашина? Мислам јас никогаш не би направила нешто од овие работи, со исклучок ако се затвара, тогаш е ок. Си се знае накитот се затвара во кутија, не се става на гранчиња па да фаќаат прашина по дома. Ок ќе го бришеш ама така со бришење на крпа еднаш неделно на 100 обетки ем може да ги оштетиш ем напорно е. Мое размислување. Но накитот не е украс за во соба, тој е за во кутија, се вади и се става на уше, врат, рака и си го враќаш во кутија до следно носење.
Мислам дека секоја идеа може да има и посебна разработка или дополненија кои секако би биле во склад на она што си го сакаме !!! Јас искрено секоја од овие идеи кои ги ставам ги ставам зошто ми се интересна основа за нешто кои може понатаму да изгледа уште пофино и попримамливо ... чешки да имав мое нешто за да можам повеке да експериментирам вака кога сум во стан под кирија и немам така можност за толку иновации !!!
ја направив од картон,ја обложив со сина хартија,ставив цветче на капакот и внатре сунгер, па ставив неколку обетки на сунгерот. i hope u like it
Јас денес си земав од базаро метален држач за брисачи за раце и си ги ставив алките на него. Интересно изгледа
Ма не, јас немам каде да ги ставам сите ланчиња, па ми висат на едни закачалчиња како препрутки, веднаш до катчето за средување. Мнопгу е попрактично, отколку да ги ставам во кутија. Ќе ми се плеткаат, ќе се умрасат, пола час ќе ми треба пред излегување да ставам ланче. Вака ми се на видик одма, и не се уплеткани, а и баш симпатично ми делуваат на тој празен простор. И дел од аките ми стојат надвор, тие помалите, со синџири, на такво за филџани дрвено. Големите стојат во кутија, тие не се толку деликатни и не се оштетувааат лесно. А за обетките се сложувам! Сите стојат во кутија, да не ми фаќаат прашина и така во уво да ги ставам. Мислам дека во прашање е дали накитот е бижутерија или е злато, сребро , камен и сл. Нормално, дека финиот и скап накит се чува во кутии и надвор од видик. Бижутеријава е скроз забавна за чување, дури и како декор стои ако е убаво наместена.
Детали - http://epic-thread.blogspot.com/sea...00-06:00&max-results=5&start=20&by-date=false http://epic-thread.blogspot.com/2012/01/diy-no-sew-felt-clutch.html Знае ли некој каде можам да најдам "кожна" лента?
http://www.orangebeautiful.com/blog/pos ... st_id=1250 од хартија Од ткаенина http://www.latesthandmade.com/a-simple- ... knot-ring/ ***прстенче од жица
Едно старо фустанче од мама... Одавна го токмев за преправање и го влечев по мене, па денес конечно се стори к’смет xD Спојлер има дебели рамки (знам не се гледа добор )
Reina, мене па повеќе ми се свијало така како што било Може ракавите само да би ги скратила и би ја трнала само машната. Најискрено, баш било супер со белата краѓна, ако гледам добро.. Нејсе, и вака не лошо Со здравје да го носиш, убаво ти стои и не мора да кратиш ако замислата ти била малку подолго фустанче
Па Хипстер да ти кажам право така ми беше многу како школска униформа. Не го скратив од проста причина што е до колена и ми беше онака таман, така и си мислев да биде. Иначе фала