Овие двете си ги правев и сакам да ги искомбинирам со други белегзивчиња Додуша и машничка сатенска после им врзав,и така беа убави
Лично не ги обожавам, но еве за девојките што носат штикли со полна пета ... Кога го видов ланчево па и како е направено, чекам да се потстопли уште и купувам сладолед!
Леле,ги гледам вашиве дела и се воодушевувам.Колку сте сите креативни,трпеливи.Јас за ова да седнам ептен онака да се задлабочам може и ќе направам нешто.Абе немам трпение,сакам што побрзо да завршам.Ама гледајки ги вашиве мислења,ми дојде желба да пробам некое прстенче и јас да направам.Е сега,прашањето ми беше,има ли во Делфина(мислам така се викаше таа бижутеријата со опрема за вакви работи) онакви крукчиња за прстен?Мислам на „празен прстен“ само желевцето кое го ставаме на прст.Такво ми треба,имам една идеја за прстен,па да ја пробам,ама ми треба такво прстенче. Очекувам одговор!
Има со сигурност, ама не ја знам цената. Ако сакаш можеш и на пазар да си купиш прстенче со монистри, извади ги нив и после прави што сакаш. НА пазар се 30 денари или 2 за 50
Леле колку ме мрзи мене да си направам нешто од тука. Многу ми се допадна тоа за накит. Си реков викендов ама ништо. Кога ќе имам време обавезно ќе направам нешто
DIY алки и држач за обетки и алки DIY studs on mah jeansss and skirt! -Можеби ќе ви личат ко да се малку искривени, ама кога ќе ги облечеш таман се -Една постара хот пинк сукњичка која не ја носев воопшто, али сега ќе си ја носам
Ептен ме зарази форумов еј, поцна со ноктите, па плетенки и на крај ова. Си купив пиштолче за силикон и сега почнувам повторно, едно време правев картички за подароци, наскоро ќе започнам и да постирам слики, за се што ме инспириравте.
незнам дали е вистинското место за прашањево.. ама ќе си ја пробам среќата имам едни фармерки кои кога ги купив имаа т.е. беа помалку "искинати" а сега стана поголемо и изгледа грдо што неможам да ги носам.. дали знаете некој начин како да ги "закрпам" за да не се познава толку.. а сепак да не биде приметливо? се надевам ме свативте
^^Однеси ги кај некоја шивачка, ќе ти ги среди- можеш да ставиш парче со боја која одговара со фармерките, или спротивна од нив, како сакаш ти, и ќе бидат како нови. Јас сакам да прашам каде можам да го купам фамозното силиконско пиштолче, на кои пазари го има, го има ли и во Џамбо, и по која цена се продава ?
Сеси душо, фамозното пиштолче го купив во Базаро, за фамозни 50 денари и плус силикончиња ми излезе отприлика 100че. Веднаш си направив едно венче и залепив се живо и диво кај сестра ми. Многу е забавно