Јас најдов една финта за силиконот кога ми се расипа пиштолчето Стапчињата силикон можете дирекно да ги топите со запалка. Само внимавајте да не го држите силиконот премногу на оган зошто потемнува, макар што и тоа не е страшно ако го ставате на места кај што нема да се гледа. Така да, ако не можете да најдете пиштолче, или не ви е исплатливо можете ова да го пробате
Нитните ги земав од Битпазар. Оди поназад во темава, убаво ти е објаснето каде поточно, а ако не најдеш во оваа тема оди на "Каде да купам... "
Еве сум јас повторно Пред некое време поставив пост со линк во кој една женска покажува како да си направиме слатки јаки и јас конечно си направив и решив да ви ги покажам (направив повеќе али само оваа ми е дотерана онака, а за другите кога ке купам нитни) -Што мислите???
Баш денес барав пиштолче за силикон. И најдов (се радував ко мало дете). Има по пазариве наши, конкретно јас на Битпазар го видов во делот кај железаријата и беше од некоја си средна големина, чинеше 150 денари и се продаваат парчиња силикон и секое парче е 20 денари. Силиконот ми се виде како доста големо парче. Не сум правела до сега нешто со вакво пиштолче, ниту пак знам дали има повеќе големини на истото, меѓутоа како информација за тие што бараат, сигурно ќе најдат по таквите места
Еве една интересна идеа како да си направите оригинален прстен.Ако нешто не ви е јасно слободно прашајте
уауу значи не сум била само јас ваква:се нешто да украсувам да зашивам(најчесто стари блузи и фармерки) бла бла бла итн. итн......и јас така си беснеам мама само вика по мене .... само нешто сум се глупирала ова она ама интересни испаѓаат работите де....си ја направив една маица со кратки ракави (беше само така еднобојна без шарки) со копчиња , ги зашивав на неа...интересно испадна .... пробајте си и вие земете некои поинтересни копчиња што ги имате дома и зашивајте ги на маица или некои фармерки...аа заборавив да кажам дека и фармерки едни стари ми се скинаа ги дораскинав целите им зашив копчиња(сите копчиња се црно со бело) и сеа не се познава дека се оние старите искинатите......
како сами да направите плико или чанта http://www.youtube.com/watch?v=qjqwL5ex ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=fJL9VG_V ... ure=relmfu
од едни стари фармерки си направив многу кул ташна и многу си ја сакам и си правам и накит..зависи од расположение и слободно време
Мислам дека знам. Сега ѓе побарам видео на интернет и ќе го уплодирам. Се плете со повеќе од 4 врвки со иста должина, многу лесно е за плетење. (пак ќе речам ако е истиот начин)
^Јас мислам дека треба да се направат повеќе низи од мониста како на видеото oд 4 минута , а потоа се плете како дупла плетенка. http://www.youtube.com/watch?v=z7EQyaZ9 ... age#t=247s Едит - 4 х 4 низи од мониста се плетат како на сликата
Одкако јас конечно имам пиштолче за силикон и го направив првиот мој брош .. Сликано е навечер и затоа незнам колку може да се доловат вистинските бои, ама се надевам дека ви се допаѓа
Незнаев кај да го поставам прашањево па решив тука.Вртејки по сликите на Фејс наидов на една женска со вакви кондучиња , се сетив дека имам нешо слично .. Еве ви слика од моите ама нзм да не е срамота да ги носам , да ги изменам , да додадам нешто , да одземам.. Ај Помош Феминки