A видете го фустанчето на Енди, денешен пост на нејзиниот блог. Направено е од бела кошула и дречливо материјалче само, прелесно за правење изгледа. Еве го постот. http://www.stylescrapbook.com/2011/03/d ... dress.html Јас имам машина ама конецот се закачува на моменти, ја носела мајка ми одамна на поправка, ама пак се зезнала одма. Пробав пред година две да шијам не бива закача. Сега си стои така во кутијата, за жал
Нема врска де вкус си е, мене ми е интересно. Да го видам во продавница нема шанси да го погледнам, ама вака за правење зш да не. Ми се свиѓа посебно дреч жолтото, јас сакам јаки болд бои ептен
Сакаш да биде онака малце како нагужвано испод? Дај некоја слика како сакаш да изгледа па може да ти најдам како да го изработиш
Ова на Енди фустанчето е 5 минути работа, смешно дури. Мене како идеја ми се допаѓа, иако би користела друга боичка, на пример црна кошула со зелено здолниште. Инаку е феноменално за трендов оваа сезона, а сигурно сите имаме дома кошула што не ја носиме.... Енди имаше и еден пост за како да се нарпави гоелма плик кожна чанта, многу лесно, а прекрасен резултат. Чекам да налетам на добар кожен, скај материјал за да пробам.
Еве го линкот, има постепено објаснето како се прави Се е супер, ама оди кај нас најди убава кожа, или скај во весела боја.... http://www.stylescrapbook.com/2011/03/diy-yellow-clutch.html
За кожа не верувам да најдам, ама скај 100% Баш ќе го пробам ова, ама во друга боја. Мразам жолта tnx
Ние вакви носевме пред 3-4 години, може и повеќе. Памтам многу сакав да научам да ги правам а неможев Скоро секој ги носеше, некои имаа и по 7-8 на раката
Имам приметено дека има една продавница за еко кожа на бит пазар. Се наоѓа на таа раскрсницата кај Јаја Паша. Знаеш ако од Чаир идеш накај пластичарската улица и точно на раскрсницата. Провери таму, можеби имаат такви бои
феминки како што гледам секој втор на фејзбук почна сам да прави обетки ланчиња и да лупа цени 200,300 па ми се роди желба и јас да си пробам....сите работи ги зимале од женски пазар па повеќе информации за него ќе може ли ?што има,цени? каде точно се наоѓа планирам да одам неделава