http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=23 тука има многу интересни работи не само за накит уку и други декорации во домот !!!
Значи големите маици што некогаш сме ги носеле или маиците од мама кои се повеќе непотребни истотака може да не послужат и понатаму. Многу интересна идеја. Еве уште една
Јас си обелев пар фармерки и ги ставив во фарба за јајца,добив убави лимон боја панталони! Туку имам два пара здрави чевли,малку носени,веќе не ми се допаѓаат.Едните се сиви,другите се црни, се мислам што да им направам. Ако имате идеи и при тоа да не подразбира валкање во светки, споделете. Мислам убави се тие со светките,ама јас немам со што да ги комбинирам. Сивите се како рипс материјал, па се мислев со што можам да ги исфарбам,а црните се лаковани,оно би ги носела како црни,ама како да ги направам мат е прашањето?!
Може адреса на тие продавници каде што можам да најдам монистри и друди делови за да можам нда направам свој накит? На пример тоа Делфина асесорис што е каде мозе да најдам ?? Писете во коментар.
oва е страната на делфина на фб, се наоѓа карши соборен храм, позади зградите или позади кинг бургер во таа уличка http://www.facebook.com/pages/Delfinas- ... 3401098916
interesna баш интересни идеи,кога ке бидам слободна ке пробам да го направам ова второто, може и ке личи на нешто...
Јас си направив ташничка мала, мое прво дело. Ништо посебно, но може некогаш да ми заврши работа. Ја направив од стари црни панталони што не ме собираа веќе Уште рачка да и додадам треба...
Бидејќи гледам дека има доста барања за идеи за чување на накитот, решив да ви споделам нешто. Имам премногу накит, а чувањето во кутија според мене не е практично решение, прво затоа што се` е измешано, па може да се загуби нешто, второ накитот се плетка и други причини. Еве една моја идеја која е преееемногу едноставна, а воедно и практично решение за вашиот накит. Се` што ви е потребно е парче мрежа (мрежа за прозор, мрежа од подароци итн.), потоа оние металните кои ќе ги видите на слика (никако не можам да се сетам како се викаа), и секако празен простор на ѕидот. Премногу едноставно!