Имам направено повеќе,ама овие само ги сликав.Само машнички се сега треба да купам шнолка и со подлога од материјал да ја прицврстам шнолката за нив ,евентуално да ја залепам.Се расмислувам да ги закачам како додаток на блуза,пошо деновиве сум у тој филм ќе видиме,во секој случај мене ми се допаѓаат
Девојки ми треба помош.Си ја најдов една кошулка и сакам да ја преправам секако е лето па мислам да ги скратам ракавите давајте други идеи
Сега ќе се опремам со триста ѕрнѕулки и клешти и жици и се фрлам на рачно изработен накит...Ова онака во недостаток на друга забава (обично) )
DIY Project - Update Your Tank Tops! http://www.youtube.com/watch?v=eUexhs93 ... re=related Wrap Dress Tutorial http://www.youtube.com/watch?v=EEM9lMWN ... re=related
Девојки сакам да ги разубавам моите римјанки ... да не знаете каде можам да најдам вакви слични цветчиња за да ги залепам?
Па најверојатно на пазар ќе најдеш,како шнола само ќе ја одлешиш шнолата и ти останува цветот. Ама јас ти препорачувам ич да не се трошиш кога можеш и самата да ги направиш.Прочепкај по темава има видеа за тоа како се прават цветови и триста чуда.
easy dress http://www.youtube.com/watch?v=nK4C7xv_ ... re=related simple dress http://www.youtube.com/watch?v=-zuOOoQF ... ure=relmfu
Ова видео повеќе ми личи на реклама за газот на дотичната,отколку на Cinderella Dress. Па такви партали дури ни пепелашка не носеше.И искрено девојки кој ова би го носел освен за некој маскембал за кој дознава 5 мин пред да тргне???
јас пак кога го гледав искрено да ти кажам ја допаднав идеата ... не мора да е чаршав скинат или како и да е, може да е и некој материјал кој го имате дома и сакате да го искористите ... ако се подзамислиш мислам дека би го прифатила тоа дека е лесен за правење ...дали со милето или без него, како идеа е супер... буквално нов фустан имаш за 30 мин ... дури и како што кажуваа типкава не ни мора да го шиеш можеш да го направиш и да се врзува.... или со копчиња... но сепак мое мислење не мора да се сложуваат други со него ...(извинете дека пишував на ТИ не адресирам на никој-полесно ми беше така да пишам)
на крај може да ги излакираш со безбоен лак за нокти или некој во боја, за да ја заштитиш хартијата од вода
Луѓе нормално е да тече силиконот цело време од пиштолчето? Вчера украсував една кутија, пиштолот ми беше вклучен цело време и нон стоп си течеше силиконот. Ми се чини повеќе истече од што јас го користев за лепење. И тоа цело едно стапче ми отиде, не знам можеби дека е стар пиштолот па да не е до тоа, ако не да барам нов.
Да не имаш пиштолче од Џамбо? Јас земав од таму и постојано ми тече, а по видеа што сум гледала на јутјуб не го забележувам тоа. Друго мислење?
^ И јас имам едно нискобуџетно пиштолче за силикон и тоа постојано си тече, т.е. капе по малку и кога не работам со него. Го оставам на лист хартија, да не правам бербат насекаде каде што ќе го потпрам. Тоа е , за 200-250 денари тоа се добива. А девојата што пакува кај мене подароци, има права минијатура од силиконско пиштолче, едно малечко, играчка да си помисли човек дека е, ама ко метално однадвор му доаѓа и тешко, се гледа дека е поквалитетно. Овие нашите се од најниската класа изгледа.