Јас имам пиштолче од пазар, единствено се познава капка како виси ако стои долго време уклучено, ама не капе
Не е од Џамбо, ова моето е многу старо којзнае од каде е. И не тече по капка, туку и цело топче знае да направи. Дури и го качив на една кутија,така скоро хоризонтално стоеше, да не е наведнато надолу ама пак си тече.
http://www.youtube.com/watch?v=MP9m52vc ... re=related хихи..И ја иам направено ваков само нз несакам да го носам..:/
Моето е од бит пазар а знам дека има и на зелен пазар. Е сега моето ми го купија и не знам точно од која тезга ама види кај тие што продаваат алати, штрафчиња, некои такви ствари Не дека ти помогнав нешто, ама...
Јас имам пиштолче исто купено ми е од бит пазар сега скоро го земав, кога идеш накај бит пазар не влагаш внатре туку идеш накај албанскиот театар, е го поминуваш театарот и тука више од лева страна завршуваат тезгите и сл.. доаѓаш до еден огромен магацин, фактички од тука сите тезги набавуваат роба, го земав 180 денари и еден силикон ти е 10 денари
Не треба да тече постојано, значи само на притискање на тоа чкрапалото би требало да тече силиконот и евентуално некое ситно топче да се направи бидејќи од кога ќе го притиснеш чкрапалото треба малце повеќе време за да истече силиконот.
Има во Базаро, и тоа во различни големини. Јас го купив најмалото, со 10 стапчиња, ме фати 100 денари. Мало е, ама супер си ја врши работата. Не тече силиконот, не му треба многу време да се загрее и таман е за лепење ствари по дома и ситници.
Прееска мајка ми беше искочена и и` реков да ми купи сини балетанки и објаснив од каде, што - како, кои ги гледав, во која продавничка, и она се враќа сега дома со едни никакви, шугави. Леле кога ги видов, ми се стемни Дај кажете некое чаре што да им направам, очајно ми требаат сини балетанки, ама не вакви! Плус видете го тоа доле кај петицата како мала штикличка . Што да му направам на тоа? Сакав со скалпер да го исечам .
единствено можеш да одиш да ги замениш, ако ги земала од исто место што си и кажала или да ги вратиш, друго незнам, можеби некои цветови или машна да ставиш напред, ама на штиклата ништо неможеш да и направиш, ако ја исечеш ке треба да ги фрлиш веднаш
Анабелке напред тоа можеш да го откорнеш некако и да му ставиш некое машниче.. а за позади не знам дали чевлар може да ти ги среди тие штикљоците, ама па шо ќе се акаш за тоа, поарно да видиш ако можеш да ги замениш... Ај, ај не се нервирај ма , ти да видиш мене мајка ми кога ми дојде дома со едни мрежасти хулахопки, на џамот сакав да ти оптегнам муви да не влегуваат
Спојлер Анабел-а се согласувам со иванакит види дали можат да ти ги заменат ако не ќе бараме чаре http://www.giannyl.com/ Девојчево е експерт за DIY работи
E ај ќе се тешам . Муви да не влегуваат бе . Него добра идеја ви е ова да ги заменам, утре отсабајле дури ќе одам, само којзнае што ќе биде од бизнисот пошто е локален бутик и ептен дива лига се, ама ќе си пробам среќа. Ваква ружноќа од балетанка дома не сакам .
Ај да се надеваме дека ќе ги сменат, ако не дај ги наваму ќе плескам муви со нив и решена работа, таман ја со фул опрема...
Леле еднаш мајка ми какви балетанки ми донесе..цела ноќ не знаев дали да се смеам или да плачам од што беа грди..Чекај да ги опишам, значи беа кремави со кафеаво и напред има[е нешто како циркони ама такви едни никакви...Па кога почнав да се карам со мајка ми...Утредента таа ги врати..ај се надевам дека и тебе ќе ти ги сменат