Знаеш за Делфина аксесорис што се наоѓа кај Кинг бургер? Таму има добар избор на монистри и секакви топчиња и камчиња за правење на накит. Можеши на женски пазар да најдеш најразлични работи.
На женски пазар не верувам дека има избор како што има во Делфина. Еве ти ја нивната страна на фб http://www.facebook.com/pages/Delfinas- ... 3401098916 И јас си правам накит, ама не го продавам. Чисто за мене, онака И материјали зимам од Делфина и има една продавница накај кисела вода, незз да ти објаснам точно каде е Извини А во продавнициве што ти нема, уште пиле од млеко фали. И продавачките баш се фини, да кажеш дека прв пат пробуваш да правиш ќе ти објаснат што ти треба, како се прави и сл. Пред се мораш да си набавиш алатки, и нив ги има во продавнициве, мислам дека се 100 денари едни клешти. А ти требаат 3-4 пара. Сите се различни. Без нив ништо Ако сакаш повеќе информации пиши лп јас сум редовен муштерија таму
фала ви многу неделава би требало да отидам до женски пазар да видам што и како има па ако направам нешто ќе ве известам + и со слики
Значи не можам да те сфатам 200 ден. многу ли е за ланче, имајќи во предвид дека е рачна изработка, некој вложил труд да го направи и уникатно е, а за некое ланче во нашите "елитни" продавници сериски произведено ке дадеш 1000 ден. и повеќе. Само кај нас не се цени рачната изработка.
се согласувам дека кај нас многу малку се цени рачната изработка, еве и јас изработувам накит и летово го продавав онака да пробам шо како и на лугево се им е скапо а притоа не помислуваат на вложениот труд а не ми беше накитот којзнае колку скап. и само да ви кажам дека другата продавничка за делови за накит се вика монистра и се наога после зеленото пазарче кога ке ја преминете раскрсницата кога се оди за накај кисела вода спроти продавничата има специјал пекара
Како да не бидат скапи кога и деловите за изработка се скапички. Пред извесно време купував материјал за изработка за накит од Монистра. Прво ако немаш идеја што ќе правиш купуваш повеќе од тоа што ќе ти биде потребно на пр. за едно ланче. Јас купував за ќерка ми која покажа интерес да си прави алкички (што мене многу ме израдува). За парите што ги дадов, на пазар ќе и купев еееее алки , ама алките што сонцето мое ги направи се највредни на свет.
Ми се допаѓа што има луѓе што почнаа да пројавуваат интерес за рачно изработени парчиња. И мене од секогаш ми било мистерија како тоа рачните изработки се поефтини од фабричките изработки. Тргнувајќи од фактот што некој креативец посветил време и труд во изработката, па се до фактот што тие парчиња се секогаш уникатни и незаменливи, пологично е овие да имаат поголема цена. Искрено, секогаш се радувам повеќе на парче што сама ќе го направам, отколку на купено, готово парче. И точно е дека некогаш материјалите за работа чинат дупло одколку веќе готовиот примерок. Јас на пример, многу сакам од работи што веќе ги имам да направам нешто убаво. И она ланчето што го имам направено, не ме кошташе ни денар. Затоа и порадо би купила рачни изработки, него ли обетки какви што веројатно ќе носат пола девојки низ градот.
од лево кон десно, долго ланче, обетки, брош или може да беде некој приверзок за ташна... и шноличка за коса. Има уште многу ама хаос ми е собава неможам да ги најдаааааааааам
Еве нешто мое. Го направив за пријателка во Хрватска и го испратив по пошта. Штета што никогаш не стигна до неа. Најверојатно некој во пошта го украде. Планирам да си направам нешто слично за мене.
абе јас ке дадам само убаво да биде направено и со замисла а не едно обично синџирџе ќе ми го продава по 300 ден ај важи ценам труд ама што труд и замисла има она?
Па некој со сила те тера да го купуваш? Повеќе ценам рачна изработка и алал да им е на оние кои издвоијуваат време да одат да купуваат прво материјали, второ да смислат идеја, трето да го направат тоа и притоа да најдат некој да им се допадне за да го продадат. Мислиш Најс Грл дека се тоа иде така лесно? Мисли си само ти И оди купи си од бижутерииве нешто што повеќе очигледно го цениш. Иако некогаш за некои работи е стварно понеисплатливо да го направиш, поскапо излегува. Баш гледав едни ланчиња со монистри, многу интересни кратки и се преплетуваат во дреч бои за рамбовки, фустанчиња летно време топ се. Чинеа по 150 денари. А да одиш да купуваш монистри, конци, па време и тоа многу време да го нанижеш и на крај сето тоа изгледа и поскапо од 150 денари. Али затоа повеќе ќе ти вреди.
Сакав повеќе пати да си сошијам нешто,или од некое старо парче облека да направам нешто ново,ама секој пат го искасапувам ах..
Мој совет за следен пат кога ке испраќаш нешто по пошта нека биде препорачано! Малку е поскапо, малку повеке, ми испадна 260ден за до 50гр. Неколку пати имам пратено мои рачни иработќи во различни европски земји секогаш стигнале некој пат за 5 дена некој пат за 2-3 недели (тоа најверојатно зависи од далечината) ама важно стигнале!
Нема врска, така се почнува. Пробај да гледаш упатства на интернет и на јутуб. Сите некако почнале, а никој од првпат не направил нешто толку добро. Затоа не запирај, ако сакаш да си правиш работи само продужи си и ке видип дека ке станеш подобра. Еве добро упатство за фустанче. Ова можењ да го искористиш за да научиш како ленсо да направиш било какво фустанче со помош на маичка. Незнам како се ства видео овде па еве го линкот. http://www.youtube.com/watch?v=A8Rnlz8-ZDk&feature=channel_video_title
Додека да ми се расипе машината бев опседната да си сошијам нешто. Макар и едно цветче за коса на ден. Сега ми останува само да ги гледам на ју туб и да си тажам. Барем додека не си купам нова. А колку само си го сакаш тоа што сама ќе си го сошиеш, знаат само тие кои некогаш направиле нешто. Криво, лево ма тебе најубаво ти е
rossonerka да ти кажам за нашите услови да земеш да си направиш сама ланче да поскапо излегува и подобро да купиш отколку да се трудиш само. јас во бугарија секогаш кога одам има тамо една продавница и си купуваш монистри и за џабе ти е ланче да си направиш . колку имам само од таму.. по 30 ден едно ланче -тука над 200 ден монистрите не се како тука 5 ден едно лажиче туку 3-5 ден 100 гр. и по исплатливо е така.. овдека ептен ги дуваат цениве :/
Многу често пракам по пошта и имам доста искуство. Ова беше пред неколку години и тогаш сеуште се залажував дека сепак можда ке ми стигне пратката. Така да, некогаш пракав препорачано , некогаш не. Зависи како бев при пари Е од кога ова мое најомилено ланче ми го снема од тогаш обавезно пракам така!
Женски мене ми треба некоја со искуство со машина, да ми каже како се прават жабрици. Оној дел знаете, како набран, со растеглив конец. Ваљда ќе ме сфатите, зошто не знам како да најдам слика. Едит: Вака, како горниот дел на фустанот
јас имам гледано како се прави ставаш на пасата од оној ластикот за гардароба , тенок што е не онаков за гаки... потоа кога шиеш предниот дел го повлекуваш малку и така си шиеш редови еден под друг лесно е
ај молим ти се прво види го ланцево и кажи ми колку мислиш дека највеќе може да вреди ( ќе те замолам да бидеш реална) расоњерке но и други нека си го кажат мислењето па после ќе ви кажам колку го продава типкава во лп