Епа бев јас, и како што очекував ниту сакаа да ми ги сменат ниту да ми ги вратат парите . Не сакав да се расправам па фино лепо си искочив. И сега гуглав некои сликички од балетанки сини да најдам, и решив да го тргнам тоа лименото напред и машничката т.е само една линија од неа ќе остане. Делот пред неа ќе го налакирам со црн лак. Нешто во стилот на cap-toe . А со тоа доле жгуљавата мини-штикла, појма неам што да правам, најверојатно на чевлар ќе ги однесам... Ако ми успее намислава, ќе ставам слика
Прашај го чевларот да ти ја пополни празнината меѓу штиклата и ѓонот, ќе личи ко да е мала платформа и нема да имаш проблеми со одењето, јас имам суредено така едни чевли со сечење на штиклата и едвај дома стигнав да дојдам. А самите балетанки и немаат толку лоша боја, ако го извадиш тоа напред и маскираш со црна боја или некоја друга ќе изгледа супер
Се согласува со ова со платформава. А за тоа напред можеш да го изцадиш и да ставиш некоја машничка или воопшто не мора ништо да стваш самите по себе ЌЕ бидат убави
bubble skirt http://www.youtube.com/watch?v=PrxF6Nvu ... 72340902BA 2 кебенциња во 1но http://thisismeinspired.blogspot.com/20 ... s.html****
Девојки јас сакав да обојам едни фармерки. Но бидејки во мојов град никаде не можам да најдам специјални бои ве молам кажете ми со што да ги обојам а да не ми излезе бојата при перење ? погоре прочитав дека една девојка ги фарбала со бои за јајца? Што мислите за тоа?
јас сум многуу креативна особа, бидејкји мајками е шнајдерка шие капути(имам машина за шиење дома) и на неа имам се правено од фармерки(стари) ги имам направено хит за носење,до фустанчиња(од долги фустани кратев и правев кратки деколтирани) најдов дома лилави балетанки ги изфарбав црни и им ставив свилени машнички испротнати со ленти од двете страни.обетки... а за алки да не зборувам ако зимав макар по 10 денари од алка досега кје бев првата девојка што се збогатила од рачни изработки правев бисерни алки.волнени.гумени,пластични(од шише),кожени и од многу други материјали.се што правам е уникат. во последно време ми се моткаат низ глава оние аксесоари за на коса плетени од озгора и на ластик од оздола.
Вистина е за фарбата за јајца. . А можеш и целосно да ги обелиш. Има туторијал за обелување во претходните мислења. ------------------------- - Дома имам една бела кошула и не ми текнува никаква идеја како да ја препавам, дали да ја скратам , дали едни машнички да и ставам. Не ми доаѓа ниту една идеја. Ајде поискусни давајте предлози.
Џенцкииии ,како може на најобични купаќи пуш ап корпички да ставам,односно не корпички него онакви лепенки. Има такви у Џамбо знам ги видов,ама незнам дали да ги зашијам за купачите или да ги ставам нормално,па купачите одоздгора.......?
И мене ме интересира како можам ова да го направам. Јас бев вчера во Џамбо но не видов такви корпи. Во кој оддел се?
дали знаете каде можам да најдам глина или друг материјал од кој се изработува накит? http://www.facebook.com/photo.php?f...50741368.56515.192851887408061&type=3&theater
Премногу ми се допаѓа блузичкава http://www.youtube.com/watch?v=nubQNMTTuGY Ми се прават вакви работи ај ако може некој да ми даде идеа што да направам ама ако може без шиење на машина
Тоа е полимерна глина (фимо глина) во Битола има во Бабук а тие сите останати тракатаанци за накит ги има во Делфина аксесорис во Скопје
леле луѓе не сте ни свесни колку идеи ми дадовте и колку ми помогнавте,се сметам за креативна личност и се шо сакаше мајками да фрли од стари сукњи и панаталони се суредив.си направив 3 фустанчиња од една сукња и еден пар панталони. и дали ке можит да ми потенцирате(линк)како ги правите новчаниците тоа ми треба моментално,хихи благодарам и однапред и одназат(мала шега)