Ланчето беше како последното, значи со трите бои. Го имам носено 2,3 пати. Не дека сега сум направила кој знае што ама еве:
Алка –плетена http://www.youtube.com/watch?v=G4k5c3OlHyM Декорација со конец http://www.youtube.com/watch?v=tHPeKSq7 ... re=related
Спирални обетки *http://radmegan.blogspot.com/2010/12/wrapped-wire-christmas-tree-earrings.html Организатор за шноли и чешли од тегличиња http://thebeautydepartment.com/2012/04/ ... hic-order/ Ланче од конец и златни прстени ******
сакам да обложам стари чевли со материјал, но незнам со кој лепак да го залепам материјалот, со кој ке би било најдобро, со силикон, дрво фикс, обичен течен лепак или можеби има некој специјален за тоа
Имам и јас правено, еве го постот за нив овде На блогот имам пишувано со што ги лепев имаш линк под сликите.
Девојки, читајќи ги изнапишаниве страни овде, се исполнив со инспирација да почнам да правам некои ланчиња, менѓуши, колку за почеток. Ептен ми беше мерак, па земав и од една еднобојна маичка направив интересно кратко маиче и многу убаво летно ланче. Не дека имаше некоја голема работа, освен сечи-лепи-декорирај , ама сум баш задоволна со мојата работа. За прво се супер за мене, би ги носела, а поготово ланчето. Овие работи нема да ги постирам овде, како први овие беа повеќе проба, но ветувам дека следното нешто што ќе го изработам ќе го ставам овде. Прашањето ми беше дали единствена продавница за мунистри и материјал е онаа "Делфина" карши Вулкан? И добро ако го сметаме и бит пазар, и таму има по нешто. Ајде ве молам тие што знаат нека ме упатат бидејки планирам во понеделник да одам и да купам материјали и да се фатам за работа. А, да исто така сакав да прашам и каде може да купам машина за шиење, не многу скапа да е ? Имаше мајка ми ама и се расипа, и сега неможам да користам, а навистина треба за многу работи машината за шиење. Благодарам однапред.
Artemission го видов постот, многу убаво ти излегле чевлите, прекрасни се, ме интересира каков материјал користеше и лакот за коса како го употреби? Wildness провери и во џамбо и таму има многу убави бисречиња, топчиња, плочки и сл работи за правење на накит
wildness монистри имаш и во Мурано. Се наоѓа кај Страшо Пинџур библиотеката во истата зграда, не може да се промаши, на самата улица е, ама изборот е послаб од Делфина Исто имаш и еден магацин на Бит Пазар во близина на полицијата. Обично монистрите се продаваат во кеси нели за големопродажба, но имам видено како мерат, значи може да си купиш колку сакаш. Прошетај, купи и пофали се што си направила Во меѓувреме нешто од моите изработки Сакав нешто и од обетките, ама преголеми се, треба да ги намалувам