http://www.femina.mk/out/?id=9ff06fd4bc ... 1_1280.jpg Да не знаете, каде можам во Битола да најдам вакво синџирче?
Би го носеле ова? Има уште малку работа со ланецот не сакам да остане вака празен, но главната слика се гледа Сакам искрено мислење, макар и да е негативно
^Вака од сликата колку што можам да видам, мислам дека тоа се мониста нанижани на материјалче, така? Јас би ги ставила на некој покрут материјал, да не се превиткува така, туку да стои исправено, како пликче. Или да не ја растураш вметни нешто покруто, да ја држи внатре. Спојлер Вака нешто
Да, ама не се превиткува многу. Само тоа материјал го најдов дома и сакав да пробам како ќе испадне. Не знам што би можела да ставам? Ќе пробам со картон, па ќе видиме што ќе испадне
Шери не е лошо ланчево само мене обликот не ми се допаѓа. Мислам дека кога би било позаоблено по краевите (ти обележав на сликава подолу) би изгледало поубаво и пробај наместо со ланец да го направиш со црна свилена трака.
Имате идеја од што да направам вакво ланче? :geek: Јас сум прилично како фатена во рацете кога се работи за вакви некои си DIY ствари, ама од пробување ништо не губам .
Јас би пробала од некоја пластика, па да ја обложам со хартија светкава или пак со обична фолија алуминиумска, ама нема да светка на златно туку на сребрено, исто така може и да се испрска со автолак. Е сега за обложување можеш и да купиш од книжарата на ДЛУМ фолија за икони, таа е златна фолија, чисто злато мислам и е многу комплицирана за користење бидејќи е ултратенка, и прилично е скапа. Исто така ако имаш некој близок лимар, може да ти ја направи од лим и таа да ја обложуваш или фарбаш. Инаку, ептен е штосно ова, веќе размислувам околу едно вакво, од обична пластична туба која ми се матка кај баба ми во двор.
А зошто не си нарачаш, тешко дека баш вакво ќе ти испадне? Едино некој да ти исече вакво парче со машина за сечење метал или како и да се вика, па да го излакираш со златен спреј (200 денари се спрејовите). Имаше гледав за 500 денари ги продаваа порачани од нет. Можда поевтино ти иде да си порачаш отколку да си направиш.
Часовникот може многумина од вас го знаат, од Авон е оној виолетовиот. Ременчињата и се скинаа на другарка ми, па малку и ги модифицирав.
Еве ја мојата последна изработка.. Но бидеќи немав доволно конец не е баш големо :/ Дали би го носеле вакво какво што е?
имам ист вакаов и кај мене ременчињата ми се катастрофа,сакам нешто да направам за да можам да си го носам!