Охрабрена од вашите убави зборови, решив да ви ставам мал дел од моите изработки. Имајте во предвид дека апаратот ми е отиден во неповрат и сликам со мобилен. Тоа би значело дека во живо се многу поубави отколку на сликиве. Ова се цветичи, изработени од различни материјали. Ептен ми се наоѓаат кога треба да се живне некоја комбинација, а може да изгледаат и шик, елегантно, кежуал, во зависност од материјалот и монистрите што ги додавам. Толку многу имам, што можам цело друштво да го снабдам А ова се дел од обетките што ги имам направено. Сакам висечки, забележливи и необични обетки, па се трудев такви и да бидат. Овие си ги имам за мене направено, јас си ги носам, а и другарките ми ги носат И што мислите?
.... ..... Многу ми се допаѓаат, браво и за креативноста, и за трпеливоста, и за мајсторијата...секоја чест...
Старфишке, ич нема да ти се налутиме ако почнеш...со нас Дај снабди не, а? Ајде, ајде! А? Ехм, плис? Прекрасно! Особено ми се допаѓаат обетките во десниот долен агол! И јас обожавам висечки, необични, уникатни и алал да ти е за снагата и желбата а уште повеќе за креативноста да создадеш нешто сама. Јас си купив материјали за правење обетки - и ене ги фаќаат прашина Многу сум мрза некогаш, многу! Смотана Затоа ти се восхитувам и на тебе и на ФБИ и ред други што знаете да издвоите време да си се исполните душевно, и истовремено да направите нешто за себе, нешто убаво и практично. Продолжи и понатаму Старфиш а кога ќе отвориш дуќан, не само Трендафилка, туку и јас ќе си застанам во ред чекајќи на тазе менѓушки ко у времето на Тито на тазе лепче. Ти си нашето естетско лепче кое ги заситува нашите гладни души по нешто - убаво!
Е неможе јас го сакам! Старфиш прекрасно! Браво за креативноста, ти посакувам уште многу многу ланчиња, нараквици, обетки (4тите ми се фејворит), машнички, прстенчиња, ташни... и ако решиш да продаваш јави ми, одма спремам нарачка, додуше пола фемина ти е сега на waiting list
Што можеме да мислиме Starfish, преубави се и уникатни, блазеси ти на креативноста , туку кажи ајде како можеме да си порачаме ? И знаеш што ?? I envy you
Епа да знаете ме инспириравте, доволно е темава два пати да се отвори и со материјалите што ги имаш дома да почнеш да “играш“ да ја искористиш твојата имагинација, желба, инспирација и да создадеш нешто ново и оргинално со кое што ќе се гордееш. Ќе ставам слики и јас, ама прво треба да седнам и да ги направам замисливе, се надевам ќе ми се реализираат.
Chery, ова е баш слатко. Јас имам идеја за вакво ама место овие проѕирниве камчиња би ставила некои непроѕирни и во јаки бои. Да би направила онаков "колор блокинг" како што е сега модерно.
Здравооооооу на сите Сакам да изработувам накит, имам талент (се пофалив ) меѓутоа неможам овде во Велес да најдам глинамол Ве замолувам да ми кажете каде има во Скопје и дали се продава во сите бои или има некој посебен начин да се бои.. Ви благодарам од напред
Има во Џамбо кафеав и бел,белиот е поубав за боење,јас го имам боено со акрилни бои и многу убаво изгледа
Жал ми е што ќе ве претрупам со многу убави туторијали за hair accesorries ама морам да ги споделам со вас!!! http://www.clevernesting.com/2010/04/fa ... -tutorial/ http://projectsforyournest.blogspot.com ... clips.html http://getyourcrafton.blogspot.com/2010 ... orial.html http://www.weddingbee.com/2009/08/31/a- ... dding-day/ http://naturesheirloom.blogspot.com/201 ... ddict.html Се надевам во скоро време ке видиме повеке феминки заинтересирани сами да си изработат нешто!
Девојки ако ги помните балетанките розеви што ги ставив пред некое време, е сега ги преправив, па како ви се допаѓаат вака? Ако не се убави да ги вратам на старо?
WOW колку се убави балетанчињата ... се заљубив ги видов и предходно како ги имаше направено.. и тогаш беа супер но вака многу повеќе ми се допаѓаат.. браво за креативноста