Хахаха Фала што ме потсети а јас имав такви шишенца од светки али немам појма кај се таман ти ме потсети.
Каде можам да најдам памучни еднобојни материјали, со поголем избор на бои? Конкретно син ми треба. Гледав во една продавница за материјали, но памучни имаат многу мал избор само во црна и крем боја.
Епа дечки креативната јас, да го покажам ланчето што го правев до 3 саат значи нитните овие ко ленти се ама се сечат, на бит пазар се продаваат во тезгите.. ви треба некое материјалче што не се растегнува, јас го земав првото што го најдов инаку може и подобар материјал да не ставам една по една направив колаж.. ви се допаѓа?
WomanInRed - Многу убаво си го извела ланчето, секоја чест за трпението и живците. Ги лепеше со силикон или лепак или ги крпеше со конец и игла нитните? Единствено (како што и самата кажа) што долниот материјал наместо тиркизен можел да биде црн, темно виолетов, индиго, ама и вака е прекрасно и штосно, посебно миксот на златно и сребрено, убаво доаѓа до израз. Браво.
Трендафилка лепев со силиконски лепак на пиштол и да долниот материјал може да биде по желба мене тој прв ми дојде при рака.. мило ми е ви се допадна девојки
Капаче можеш да направиш и сама, од оние тапите за вино. Ќе исечеш колку ти треба и после со ноже или скалперче ќе го суредиш во посакуваната големина.
Еве го ланчето кое го правев денес цветичот е кафен од едни стари балетанки Сликите не се најдобри зата што се сликани од телефонот апаратот не ми е дома во моментов
Луѓенца каде можам да најдам лепак за пиштолов и колку пари е? Имав али ги потрошив.. ии дали ќе може да ми кажете каде можам да купам монистра и ластици некаде во близина на центар? фалаа
Епа тоа долгото што им е јас го пресеков и сега пак се затвара . кога ќе имам време ќе го сликам ланчето да го видете
Монистра има во Делфина, кај Кинг Бургер...а силиконски стапчиња за пиштолот има на бит пазар на автобуската во Еуротулс продавницата...или прашај на пазарче
Епа јас во последно време сум заразена со направи сам ланчиња посебно.. ете вечер уште едно направив се надевам ке ви се допадне