Фала многу, јас почнав со шиењето така што мајка ми како ми шиеше не ме бендисуваше , за неа не важеше низок струк, тесни пантолони, мини фустан,длабоко деколте .... па морав сама да си ги преправам, значи мочнав од мака , е после никој не можеше да ме запре . Инаку си купувам бурди, ги има секаде по трафиките http://www.burdastyle.de/archiv/magazine/ пред да ја купам тука си ги гледам прво дали ми се свигаат моделите .По шаблон да шиеш е мноооогууу лесно, само треба да си видиш кое бројче ке си го вадиш спрема твоите димензии и после само ги споуваш деловите ....АКо се има мерак ништо не е тешко
Ооо голем мерак се има кога си сошијам нешто со голема гордост го носам еве сеа си купив бурда , јас па да ти немам поим дека такво нешто постои и мислев којзнае колку е скапо фала на инфо
Јас изработувам накит, во неколку техники. Многу сакам изработки од жица, иако не сум некој којзнае каков мајстор.. Сепак оние за кои ги изработувам, си ги сакаат, дали препознаваат дека многу љубов е вградено во ни, иако не се совршени. Еве нешто од моите изработки, па кажете како ви се допаѓаат:
Дечки сакам да направам јака ама треба да се стави материјал ама кој е по издржлив. Би издржало ова да го направам од фармерки мислам подлогата да биде од фармерки?
По сликата од Глоси пробав и јас да направам. Незнам да сенчам, знам. Гледав од сликата и пак не ја направив како што треба, али нема везе. Прв пат де
Ја пробав техниката за нокти со весник , многу интересно и лесно http://www.youtube.com/watch?v=2kcdt4_5Ncc
Девојки овој фустан го правев вчера,од хартија е бидејќи ќе го носам како костим на еко маскембалот во училиштето во кое учам
феминки сакам да си направам ланче па ми требаат нитни знае ли некој дали на женски пазар или џамбо има и по колку се мене ми требаат отприлика 10тина ( може и помалку)