Во слободно време планинариме и собираме билки, ги сушиме и ги користиме за подготвување на природни чаеви. Ми падна на ум една интересна идеја за нивно пакување и денеска конечно ја реализирав. Можеби на постов местото не му е тука, но гледам дека во темава освен модни детали сте постирале и креативни идеи за други предмети, па мојава идеја би можела да му биде инспирација некому за некоја друга намена (на пример ќесичка за подарок). За изработка на овие пакувања, користев шарена украсна хартија, хамер во боја, фломастер, лепак Магнетин и силикон, сатенска трака, копчиња во форма на чајниче, коноп и хартија во боја на која е напишано упатството за ефикасна намена на билката од која е чајот. Еве фотографија од крајниот производ:
Ве молам за помош. Имам плетенина и крзно и сакам да го сошијам на овакви слушалки. Знае ли некој каде можам да најдам основа. Има ли вакво нешто на бит пазар. Знам дека можам и со некое обично ефтино венче, но не ми текнува со шо можам да ги направам слушалките.
Ако имаш стар вокмен дома (оние со касета што се), па слушалките од вокменот може да ти свршат работа.
Па ја би ти рекла не се мачи повеќе ке те кошта за материјали , 100 денари се овие уши да си ги купиш..
Фала ти многу Mini-Mouse. Јас најдов и нешто што ми заврши работа http://www.youtube.com/watch?v=uM2FwftFqjY mimiiiii јас ги гледав во city mall беа многу скапи, а и плус веќе ја имам плетенината и природно крзно, па затоа сакам и да пробам да направам. Те молам кажи ми каде ги има толку ефтини да си купам.
Јас имам направено исти од тегет крзно, користев стари слушалки од компјутер , само ги обложив со крзното, полесно здравје
Peter Pan collar necklace се залубив во овие. Вчера си направив и јас. Не е нешто спешал ама ајде. Материјалот е нешто слично на чипка. Ми остана уште да му сошијам врвци. Спојлер Мајка ми планира да ми го направи ова. Само треба да најдам монистри .
Ако си од Скопје, купи си бисерчиња на мерење грамажа од Делфина аксесорајз, позади поранешно Кинг Бургер. За волку бисерчиња нема да те кошта повеќе од 100ден.
Знаете ли некој туторијал кај што можам да видам како да направам блуза со гол грб од обична? Барав на Youtube ама се се некои без везе