Ако мислиш за ваква... http://www.youtube.com/watch?v=BbhC7hPF ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=3fGwWRad ... ure=relmfu
Дајте ми некоја идеја што можам да направам со вакви камења ли како и да се викаат, ги имам еден куп и постојано ги преместувам од една кутија во друга
^ А да пробаш ако имаш две исти обетки да направиш? Поточно ќе одиш во некоја продавница каде се продава бижутерија и се произведува (има многу продавници каде самите изработуваат накит), ќе однесеш ќе стават како иглички и ќе имаш обетки. Исто така и за прстен, можеш да однесеш или ако си вешта сама да си направиш. Или ако имаш некој поголем ќе направиш дупче и ќе протнеш убаво тенко синџирче и ќе имаш убаво ланче. И покусо и подолго. Ако не тогаш јас би ги искористила за украсување на кутија. Дали ќе купиш или ќе направиш сеедно, на капакот и од страните залепи ги и можеш во неа да чуваш накит на пример, козметика нешто, или ако имаш некој близок што ти значи да ја подариш со нешто внатре како подарок. Баш убави се камењава, од каде ти се? Изгледаат како дијаманти.
јас сум професионалка веке во овие работи, се си правам и преправам. Маици многу правев порано ама веке не ми праи тоа многу мерак, сега нешто почнав на се и сешто да ставам нитни, оние од каишеви што се, многу интересно испаѓа на што и да ги ставиш.... ако знаеш да ги ставиш како што треба оф корс хехе.
Емче каменчињата ми се од една стара ташна, беа залепени но јас му најодв чаре ги одлепив и незнам сега што со нив Пеперутче пробав да направам обетки ама ко ќе ги ставиш на уво тежат бре, и се откажав, направив ланче тоа е добро ќе го сликнам деновиве и ќе го ставам да го видете.
^ Епа супер. Ајде баш да го видиме. Со здравје да си го носиш. Ако имаш вишок направи и некое друго различно од ова што го имаш, или како што ти кажав со кутијата (не мора да е кутија, можеш било што). Исто можеш да ги ставиш во некоја украсна чинија и на неа ќе ги распоредиш камењата, ќе ставиш неколку свеќички во разни бои и ќе си добиеш убав украс за на масичка или било каде.
Слични ми дојдоа овие неколку последни што ги направив ...ќе морам малце да сменам еве го последното.
Нитниве што си ги купив од Битпазар уште од минатата година пак ги пронајдов минатиов месец. I think I'm obsessed! Имам нитнирано 2 кошули (на крагњите) фармерки (тие се уште од минатата година) ранецот. Да да, црн ми е обичен со некои линии недефинирани сиви, и јас му ставив нитни насекаде, трчи трчи сопни се од нитна, трчи трчи сопни се од нитна Имав и нели таа крагњата што ја поставив во темава, ама ми ја фрлија Бев на одмор, се враќам, ја нема! А да не зборувам што имам и чизми со нитни, и јакна со нитни на ракавите... И не ми е доста, морам да признаам