Јас обожавам накит со мали шишенца.имам неколку ланчиња со такви шишенца од светки за нокти,но неможам цело време да купувам такви,оти не ни ставам светки на ноктите.може ли некаде да се најдат такви па послем да си го пополнам и да си го носам?вака нешто?
Соу бјутифул.Многу е убаво со здравје да си го носиш. Ако се вади капачето би ти препорачала да ставиш ливче со нешто напишано како што се оние шишенцата со порака во нив. Сепак ова е моја идеа. Ама и да е без ливче пак е убаво.
I.love.your.lips не сме се разбрале.тоа не е моето ланче,само ја ставив сликата.но овие се мои(сликите се малце шкарт,од телефон се,незнам што му стана,порано мн убави слики вадеше )
MidnightFlower на пазар сигурно имаш видено вакви шишенца за декорација на нокти. Од нив можеш да си направиш привезок за ланче.
Па на пазар само со мама да си купиме краставички и марулка... Хахаха Ама фала на информацијата, ќе поминам утре од зелено пазарче, па ваљда ќе најдам, пошо прекрасни се
Јас пред некој ден си направив вакво ланче. Имав од тестер од парфем вакво : Го исеков тоа што е како стапче пластично внатре и од стара обична тапа, исеков делче од страната и многу убаво испадна , ставив листови од ружа (суви) и ставив обично синџирче стварно е убаво и интересно
Нашата Китен ова ми го направи не знам зошто не постира слики ама имам јас уште неколку раб, ќе ги сликнам и пратам.
Од шишенцата има на зелен пазар, помалите се 10 денари и се со пластично капаче, кое има закачалче и веднаш може да му се стави врвка или ланче, поголемите се со тапа и се 30 денари. Во шишенцата има декорации за нокти!
Нитни,монистри и такви работи има во онаа продавничка за монистри спроти Даре Џамбаз.Не сум влегла да видам колку пари се,ама има.
треба за у школо да направам нешто слулптура од разни матријали повеќето ке прават робот од кутии но јас самам нешш др кажете некоја идеја
Ааа и ние на изборен ликовно имавме таква задача.Иначе можеш ако не те мрзи да правиш дрво од пластика.Стеблото од некоја шипка,ќе ја обоиш кафеаво,гранките со жица,па на нив пластика од зелени шишиња како листови Иначе боја за текстил каде има? И каде има памучни материјали?
Ве молам,може ли да ми дадете некоја идеја како да направам плетена белезица со циркончиња или обична..Фала однапред
Oва со лаков го пробав еднаш од радозналост и не успеа. Сенката за очи се прави како згрутчена во лакот. Веројатно има врска каква сенка може да се употреби, затоа што не сите се вака ронливи. Мој совет да не пробувате. Сега има лакови за 50 денари, а вака и безбојниот ќе го фрлите, и сенката.
Девојки си купив чизмички со мала штикла 4-5см и сакам да ги носам на школо, ама многу тропкаат и ме нервира. Знаете ли некој начин да им ставам нешто одоздола да не тропаат толку? Инаку беж боја се, кафеави скоро.