Драги мои Феминки.. Вчера вечер немаше што да правам па влегов во мојата соба,не се чуствував сигурно.. Кога погледнав на ѕидот ПОСТЕРИ Веднаш ги извадив и ги фрлив,па сега собата ми изгледа многу празна.. Ако може да ми помогнете да го пополнам ѕидот со вашите идеи,што ќе ги направам сама.. Дајте некоја прекрасна идеа ви се молам..
Направи сама (украси за ѕид) Можеш некоја полица да ставиш и на неа некои украси,книги... На ѕидот можеш да ставиш саат или некоја убава слика за да не биде ептен празен...
Направи сама (украси за ѕид) Можеш да си купиш и стикерси за сид, има многу убави, баш ќе ти ја освежат собата Добра е и идејата за полици, ќе си наредиш книги, списанија, украси и сл.
Направи сама (украси за ѕид) Јас имам залепено стикерси заедно со поговорки . Можеш од хамер да исечеш делови во форма на цвет,срце ( види на јутуб )
Направи сама (украси за ѕид) За 100-200 денари имаш симпатични стикери во Џамбо за на ѕид, а и полиците ги гледав таму, во темно кафена боја, околу 600 денари, мислам Прошетај-ќе добиеш идеја
Направи сама (украси за ѕид) Ако имаш талент за цртање можеш да пробаш со нешто вакво Можеш и овде да најдеш некоја интересна идеја http://ajdedoma.com.mk/
Направи сама (украси за ѕид) Ако имаш живци, а и малку талент можеш да си нацрташ нешто по ѕидовите. Јас еднаш имав нацртано големи цветови, а моментално имам прекрасно дрво, кое беше мошне лесно за цртање а супер изгледа. Или прашај ако имаш некои талентирани другари/другарки да ти нацртаат нешто дали со боја, со спреј .....
Направи сама (украси за ѕид) Јас купив такви полици, две од големите. Ги искомбинирав со ламба и три слики од суви цветови, целата рамка на сликите е како кутија. Си средив едно ќоше во собата. Беше празно и грдо, сега кога се сликам гледам тој агол да ми биде во позадина, многу ми е убав Инаку се купив од Џамбо.
Направи сама (украси за ѕид) Оваа го имам нацртано во ѕидот во мојата соба, овде на сликата нее довршено... ама јас го довршив, ако не ме мрзи ке ви прикачам до после друг фајл .... Инаку собата ми е црно-бела со црвени детали и си ја обожавам
Направи сама (украси за ѕид) ај те молам кажи ми каква боја користеше обична темперна или има некоја посебна боја за сликање на ѕид? се спремам да насликам нешо затоа ме интересира
Направи сама (украси за ѕид) Во продавниците за бои и лакови има едни мали тубички (шишенца) со боја, уште ги викаат „пигмент“.Со нив најубаво се црта, ти кажувам од лично искуство.А можеш да земеш и каменчиња светкави што се нашиваат на текстил и да ги залепиш на ѕидот со силикон, создаваат преубав ефект.
Направи сама (украси за ѕид) фала ти геа, ќе го имам во предвид твојов предлог, само уште не сум почнала, сликата ја избрав, прво со моливче да ја исцртам па ќе земам од боиве , треба и да се одлучам која боја да биде, ѕидот ми е жолт, ти која боја ја користеше?
Направи сама (украси за ѕид) Јас цртав кај другарка ми на ѕид, крем боја, но кај неа е се на тие топли кафеави и кремави нијанси и комбинација со анимал принт (леопард).Па така и го праев ѕидот, меѓутоа јас користев и уште оние бои што се за ќунки за шпорети на дрва, има во две нијанси, метално-сива и метално-златна.Ја користев златната и дава преубав ефект.Го имам сликано со телефон ѕидот,ама слаба резолуција е во прашање.Ај ќе се потрудам да ја најдам сликата, па ќе ти ја постирам.
Направи сама (украси за ѕид) Јас имам стикерси кај мене. Ја потполнуваат празнината на ѕидовите, а и убаво изгледаат
Направи сама (украси за ѕид) Има ли негде линк како би можело да се направи овој тип на слика за на ѕид ?!? Многу ми се допаѓа и би сакала да пробам да направам вакво нешто. Ваљда шариве се тапети Барав на нет но не можам да најдам, па ќе ве замолам ако некој знае да пише или пак да не се продават негде низ Скопјево вакви интересни слики?
Направи сама (украси за ѕид) Друарка ми вчера си купи стикери за ѕид од Џамбо Незнам колку ги купила ама над 400 денари нема И за друг пак памет во глава да не лепиш постери бидејки навистина се Инаку другарка ми има срциња сите се црвенки
Направи сама (украси за ѕид) Ова не се слики, туку верувала или не - кутии од пица. Баш прeд нeкој ден го гледав ова и мене ми се виде интересно. Повели линк http://www.home-dzine.co.za/crafts/craft-poly-wall.htm Инаку имам милион линкови со вакви идеи, кога ќе имам време ќе ви пуштам по неколку.