http://www.youtube.com/watch?v=gZi8EHpV ... ture=g-u-u Ова е многу интересно, а и видете ги другите идеи на девојкава, интересни се
7 идеи за есенски украси во домот Доколку сте љубител на интересни детали според годишните времиња, време е да ги испробате седумте наједноставни идеи кои ќе го направат вашиот дом пријатен и уникатен. 1. Киригамите се еден вид на оригами, јапонска уметност на виткање хартија за изработка на различни украси. Хартијата во темно кафени и портокалови нијанси може да ја искористите на следниот начин. 2. Висечките декорации во форма на тикви се исто така интересен детал кој можете да го направите заедно со вашето семејство. Потребни ви се само неколку тенко исечени ленти од хартија во боја, со различни големини. Со помош на лепак треба да добиете форма како на сликата, а потоа да ги закачите на било кое место низ домот. 3. Венчето за на врата со првата буква од вашето презиме може да биде есенскиот детал кој нема да остане незабележан. Првично, буквата изработете ја од најобична жица, а потоа со помош на лепак додадете ги лисјата. За само неколку минути ќе добиете уникатен есенски додаток за вашиот дом. 4. Венец за на врата од бобинки е уште еден вид на есенска декорација што можете лесно и брзо да ја направите. Потребни ви се само неколку вештачки гранчиња за декорација. Со помош на леплива лента залепете ги на кружна конструкција која што ќе ја направите од тенка жица. За кратко време, со малку напор ќе додадете есенски дух на вашиот дом, уште од влезната врата. 5. Есенски декорации на секојдневните навлаки за перници се уште еден новитет кој можете лесно да го изведете. Од различни материјали во кафени,жолти и портокалови нијанси исечете листови кои потоа ќе ги зашиете за навлаката. Погледнете како тоа да го направите во само неколку чекори. 6. Претпоследното уметничко дело кое може да го направите во друштво на вашите деца е едно од најинтересните за оваа есен. На рамна подлога залепете мала гранка, која по малку наликува на разгрането стебло и листовите заменете ги со многу копчиња. 7. Декорацијата која ќе ја разигра секоја просторија во вашиот дом се шарените листови нанижани на коноп. Најобично исечените листови од различни материјали можете да ги наредите еден до друг на коноп и од нив да оформите мини завеса или пак најобична декорација на било која полица.
Да не има некој идеа што да направам со стари цедиња (ако некој не ме свати мислам на CD) ? Mи стојат дома а неќам да ги фрлам, се си мислам дека можда ке можам да ги искористам за нешто интересно