^ Јас на закачалка ги чувам. Во ходникот имаме една закачалка како за палта што се тие и цела е окупирана со моите чанти. Ова исто ми изгледа фино, практично, а не зафаќа ни простор. Спојлер http://jdorganizer.blogspot.com/2010/01/storage-if-purses-are-your-weakness.html
A каде гледаше вакви кутии ? Таа големата со хартија што се витка букети таква памучна од таа помеката, а малите со обична хартија за виткање поклон
Девојки мене премногу ми е потребно вакво нешто Дали знаете некако сама да направам ? Тенкју вери мач
Можеш да земеш некоја скината најлон хулахопка или чорапи, ја заковуваш на некоја рамка за слика и рамката за слика ја лакираш или боиш со некоја твоја омилена боја и тада. Си ги боцкаш обетките и си имаш еден декоративен држач за украси. Нема да биде ист како на сликата но барем ќе биде декорација на твојата соба.
Баш ме интересира темава. Ѕидовите во мојата соба никогаш не се празни. А оти не ми дозволуваат да чкрпам по нив со спрејови, на големи листови направив графити и ги залепив на ѕидот. Сега ќе направам нови, а иначе на секој ѕид имам по некој лист испишан со некаква порака на англиски, македонски, српски... никогаш не ги оставам празни тоа ме исполнува.
Еве да се пофалам што направив за првиот роденден(кој ни претстои) на ќерка ми Поканата сама си ја направив Ова е машничката за глава која одговара со ту ту сукњичката, која исто сама ја направив но ќе ви ставам слики после роденденот
Еве ме и мене во темава, после подолго време Hopefully, во наредниов период ќе имам време да правам новогодишни украси, па ќе пишувам во темава почесто. Мојот најнов украс го крстив Лето во тегла Спојлер Синоќа додека ги собирав садовите од машина, наидов на една интересна тегличка со необична форма. И решив да ја искористам за украс. Собрав школки донесени од Грција и Бугарија, и камчиња од Црна Гора. Да имав морски песок и тоа ќе ставев, ама немам. Здравје следната година ќе си донесам, па ќе ја дополнам тегличкава. Школките и камчињата ги ставив во теглата, а потоа искористив материјали од поклони што ги имав дома. Материјалите ги прицврстив напрво со ластиче, а потоа и со жолта лента. И еве го крајниот резултат
^ Супер идеја! Дома имам еден куп школки во секакви видови и големини. Ги чувам во стаклена ваза и се мислам што да им правам, но еве ми даде идеја!