Да ги прашам нешто креативците :geek: ,во план сум да направам (со помош и од др ) перница за седење (или табуретка .. како да ја именувам ).Прашањето ми е со што да биде наполнета за да не биде премногу мека (и да пропаѓа ) или да спласне .... и од каков материјал е најпогодено да биде изработена ? (еко кожа недоаѓа во предвид.. ). Спојлер гледав да си купам цените беа по 100еу и материјал чуден како од церада нит е платно нити гума ....каде може се купи такво нешто.Порано знам дека имаше една фирма СуперЕфтинија се занимаваше со такви работи ,дали постои каде се наоѓа некое инф за такви материјали .. http://www.youtube.com/watch?v=zEWd3K89cUQ
Снежните кугли се вистинска забава и за децата и за возрасните. Ги има во различни големини и најчесто со зимски, божиќни и новогодишни мотиви. Еве како на едноставен начин сами да направите снежна кугла и да ги израдувате вашите најмили. Потребно ви е: тегла или стаклен сад со капаче зовриена и изладена вода глицерин топчиња стиропор или светки силиконски гел држач на кој ќе стои куглата лепило минијатурна украсна фигура Подготовка: Стаклената кугла измијте ја добро и исушете ја пред почеток на изработката. Прво со лепилото прицврстете ја фигурата која сакате да ја ставите за внатрешната страна на капачето. Теглата наполнете ја со вода до врвот. Додајте неколку капки глицерин, а потоа додајте ги топчињата стиропор или светки. Капачето заедно со фигурата навртете го на теглата. Добро зацврстете го, а ако е потребно дополнително залепете го со силикон. Веќе подготвената кугла може да ја залепите со силикон на украсен држач и да добиете уникатен, креативен новогодишен украс кој сами сте го изработиле. Совет Изберете тегла со понеобичен облик, ако немате кугла. Глицеринот е густо масло кое може да се купи во секоја аптека. Тој ја дава потребната густина на водата во теглата и така ги забавува светките да паднат брзо на дното. Во течноста по желба може да додадете и боја. Предупредување: Капачето мора да е добро затворено за да не истекува водата. Лепилото мора да е водоотпорен. Светките не смеат да бидат многу ситни за да не лебдат на површината.
Уште една интересна идеја.. мислам дека некој ја имаше претходно постирано ама сепак еве ваше киндер јајце
Јас од технокоп имам земено фотељи и табуретка, види таму (ако не си видел до сега) иначе се полнети со морска пена(стиропор) и со тек на време се спласнуваат па јас докупував само полнење.- Ако си заинтересиран за купување готова. А за сам да правиш и со што да ја полниш немам идеја https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 048%2C1356
Фала за советите ги имам видено сите не дека на лик не се убави но мн се лесни и неудобни .Јас гледав во city mall има една дизајнерка што ги прави по нарачка .. и се одлични .Цените се од 5000 до 7000 ден .За идејата сам да направам е изводливо,незнам јас да ги изработам но доволно ми е идејата што ја имам да ја преточам во извонредно дело.Шаблони најдов на интернет сега да најдам само некој/а што ке се нафати тоа да го изработи како што треба.Во принцип сум перфекционист и знам што ми треба несакам некој само ради реда се нафати и да испадне налик на боксерска вреќа .За полнењето дојдов до некоја инф за да биде и останува во таква форма освен морска пена се ставало и некој (гранули ) .. затоа табуретки се потешки и стојат во убава форма .Каде ги има и колку чинат незнам но сигурен сум дека ги имало и во Македонија да се купат на килажа .Во дилема сум за материјалот ,несакам еко кожа но пустата убаво изгледа
Многу често правам декорации за мојата соба и обожавам да патувам ова се двете нешта во едно што мислите
Извинете шо ќе сум аут,ама еве украси за на маса ко му влегов со ноктите,портокалот за никаде го направив
Феминкии да ве прашам,вака Направив онаква тамбла шо е за потсетување мислам дека знаете на шо мислам.Ја напраив од морска пена е сеа сакам да ја закачам да ѕид,само незнам како и на што Дајте ми идеи ако знаете
Eве ја темата, можеби ќе ти помогне. http://forum.femina.mk/dom/post-it-board-tablicki-za-potsetuvanje-t9029/ Сега ме замисли, баш ќе видам како го имам закачено. Значи вака... Горе, во средина на морската пена, имам пробушено дупка. Низ неа, имам протнато нешто ко рибји конец. На ѕидот имам начукано шајка и на шајката конецот. Не знам да објаснам, очигледно. Ај кога ќе го потспастрам, ќе направам update во темата и ќе видиш како го имам закачено.