имам големо огледало дома,правоаголно,и само стакло е,нема ни држач,ништо,ако може некоја идеа како да му ставам некоја убава рамка,убаво да изгледа за на зид
Епа ќе си најдеш прво рамка колку што е огледалото (во продавница имаат такви само рамки а можеш и ти да си направиш не е ништо комплицирано). Ќе ја залепиш со лепак специјален за стакло или би можело и со супер лепак. А за да ти стои на ѕид од позади можеш да и ставиш шајка, едни као кукички што се ( незнам точно како се викаат) или пак на ѕид ќе заковаш шајка а на рамката ќе ставиш конец (појак) и ќе си го закачиш на шајката.
Исто така, доколку планираш тоа огледало да остане таму, подолг временски период, можеш да го закачиш огледалото директно на ѕид, со четири завртки (шрефови) и околу него, на ѕидот да нацрташ нешто по твоја желба...