http://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/24397-napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot а сега планирам и да ја преуредам собата па да искористам некои од овие примери
Знае ли некој со каков лепак се прави она со конецот што се мота со балон и после се пукне балоот и си останува форма од конец ? јас пробав со неостик но ништо не испадна кога пукнав балонот ми се собра целиот конец
UHU samo gledaj da e bel (mlecna boja) a ne proziren..toj koga ce se isusi ne se ni gleda ..a vo mk neznam po koj prodavnici go ima
На 10 л. шеќер ставам 7л. вода и на тивок оган мешам постојано се додека не се растопи шеќерот убаво. Оставам 20-30 миин. да се олади и потоа шербетот го префрлам во поголем сад. Конецот го расплеткувам го ставам во шербетот 2-3 мин. почетокот на конецот го врзувам за балонот и така вртам околку балон. Кога ќе завршам со тоа, намотаниот балон го ставам на тегло и оставам во ладна просторија да се стврдне. После го пукам балонот со игла и внимателно правам отвор на кошничката. Ставам слама, шарени јајца и тоа е тоа. Внимавај шербетот да не е премногу течен или премногу густ, значи средно.
Не знам дали и колку е соодветна оваа тема за сликава што ќе ја ставам, ама бидејќи гласи „Направи сам (украси за ѕид и друго)“, ќе ја ставам тука. Станува збор за гарнитура за во двор што ја направивме лани со моите од дрвени даски од нивниот поранешен кревет. Офарбана е со боја за дрво, а мекиот дел се подебели (за седење) и потенки (за потпирање) парчиња сунѓер. Материјалите веќе ги имав дома, тоа се чаршафи кои не ги користев, а со мајка ми на машина ги сошивме. Перничињата исто така сами ги правевме, како и украсите на истите. Масичката веќе ја имавме, само поголема дрвена плоча доби одозгора. Сите тројца си имавме свој удел во оваа работа. Повелете:
Ukras za zid od rolni od toaletna hartija.. Ne e dovrseno seuste.. koga kje bide gotovo kje prikacam pak slika
Инспирирана од ваквите украси во Џамбо, решив и јас дома да си направам еден таков. Школки имав, коноп имав, трски имав и лепев со пиштол на пластика. Ова другово чудо што ѕуни кога дува ветер исто го облепив со школки и наместо конец, металните делови му ги поврзав со коноп за да си одговараат.
Eве два „направи сам“ подароци од мене. Цветовите сама ги правев, од едни многу тенки хартии во Џамбо што ги има. Од таму си ја купив и хартијата за пакување и конопот. Следен пат ќе става и други подароци што правев пролетва. (Многу сакам да подарувам и многу сакам да пакувам )