1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Направи сам (украси за ѕид и друго)

Дискусија во 'Дом' започната од anita.lipsy, 11 јуни 2011.

  1. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    :clap: Браво, преубави се цветовите. Да ти е жал да ги отвориш подароците:(
    Јас ништо не можам сама да изработам како фатена во раце сум :rofl:
     
    На Valerin, Abrakadabra, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Благодарам @kjukli. Многу лесно се прават, а многу се декоративни. Црвениот цвет беше за мајка ми, а сино-виолетовиот за мајка му на вереникот. И двете си ги чуваат цветовите како украс сега. И да, им беше жал да ги одвиткуваат подароците, а јас им се смеев :rofl:.

    Добра сум со печатниве грешки: во претходниот пост требаше да пишува „ќе ставаМ“, ама ај ќе ставам сега, да не ми биде ептен off-topic мислењево.

    [​IMG]

    И ова беше подарок за мајката на мојот вереник, само од моите. Како и да е, пакувањето мене ми остана како задача. Ова го правев со креп-хартија која може да се најде во секоја книжарница и зеленава машничка од Џамбо.

    И навистина, некој нареден пат повторно ќе ставам што сум пакувала :rofl:. Следен пат ќе бидат подароци за мали деца што сум ги правела.
     
    На vitamina, Nausicaa, anel и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Еве едно од подарочињата за деца што ги имам пакувано. Идејата ја преземав од интернет, ама имам и некои свои замисли од ваков вид. Другото е бонбоњера, ружичките сама ги правев од креп хартија.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На ivona48, Emy867, Juicy и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, колку прекрасна тема. Еве и јас сакам да споделам со вас два направи сам проекти кои се ептен лесни а прекрасно изгледаат. Поздрав

    Направи сам: уметничко дело од стари весници и списанија

    [​IMG]

    Дали имате еден куп на стари весници и списанија со кои не знаете што да направите?
    Прво нешто што ви паѓа на памет е да ги фрлите нели??? Не не, немојте. Јас имам еден оригинален предлог за вас за уметничко дело кое е направено токму од стари непотребни хартии од весник или списание.

    Идеата за ова нешто ја добив откако во Рим видов едно уметничко дело во кое покрај весникот имаше и стари копчиња, парчиња од текстил и волна. Со оглед на тоа што сакав да направам нешто многу поедноставно, се одлучив само за весникот.

    Потребни нешта за реализација на овој проект се:

    - стари весници или списнија кои може да бидат во боја или црно бели во зависност од вашата желба и потреба:

    - лепак;

    - ножици;

    - еден молив (нема да ви треба за цртање туку за нешто сосема друго);

    [​IMG]

    Земете еден лист од весникот или списанието и на работ од истиот ставете го моливот и почнете да виткате се додека да се потроши хартијата. Кога ќе стигнете до крајот на листот, нанесете лепак и извадете го моливот од внатре.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Направете многу вакви “стапчиња од хартија“ и на еден картон, стиропор или даска, почнете да ги лепете во различни насоки како вам ви се допаѓа и ви одговара.

    [​IMG]

    Како што веќе напоменав, може да користите црно бели списанија или во боја во зависност од вашата желба и бојата на намештајот каде сакате да го закачите ова уметничко дело.

    Јас се одлучив за црно бела варијанта затоа што ми изгледаше многу поинтересно онаму каде што сакав да ја закачам, а и одговараше со мебелот.

    Еве го крајниот резултат на она што јас го направив:

    [​IMG]

    [​IMG]


    Толку едноставно, а навистина многу интересно .
    Понекогаш доволно е навистина малку да го разубавиме просторот каде живееме и работиме.

    Се надевам дека оваа идеа ви се допадна и дека доколку имате навистина многу списанија, наместо да ги фрлите ќе се обидете да направите нешто вака интересно.

    Поздрав и до следната статија

    Вики

    Направи сам: држач за салфетки

    Прекрасна вечера, убава атмосфера, пријатели, вкусна храна и прекрасно уредена маса...
    Денешниов проект кој сакам да го споделам со сите вас е како сами да направите држач за салфетки на најлесен можен начин и со малку пари, кој притоа ќе исгледа многу убаво на вашите маси.
    Се она што ви е потребно да го направите :
    [​IMG]

    1. неколку ролни од тоалетна хартија (картонскиот остаток од хартијата);
    2. убава украсна хартија која ќе одговара со салфетите кои ќе ги поставите како декорација;
    3. еден пар ножици
    4. лепак
    5. 10 минути од вашето време

    Картонот од тоалетната хартија го сечете на две половини. Украсната хартија ја мерите и сечете според димензиите на ролната, ја премачкувате со лепак и ја лепите врз самата ролна.

    [​IMG]


    Во секој од вака подготвените држачи ставате по една убава салфета или крпа и ја поставувате на масата.

    [​IMG]

    Навистина оригинално, а толку едноставно за правење.
    Одберете ги вашите омилени бои и слободете ја вашата фантазија.
    Пријатна вечер

    Вики
     
    На jolo, makedonkamak, Emy867 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Ако сакате малку да го разиграте дворот, да ја освежите терасата, а воено и да ја разладите, фонтаните се идеално решение. Но, често пати тие се премногу скапи за да бидат сечија реалност.
    Познат ви е принципот на работа и циркулацијата на водата, па затоа само ви останува да го осмислите моделот.
    Можете да искористите стари глинени садови, природни камења од најблиската река, садови за наводнување заврзани на конче и други предмети.
    Ако само малку ја разбудите креативната страна, многу лесно може постигнете ефект на необична градина.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На <3 pleza4e <3, Abrakadabra, One.Moment и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Kom.pot, kjukli, Esmeralda-MD и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Уште два „направи сам“ подароци што ги пакував пролетва. Детскиот ми е преземена идеја, а другиот сама си го смислив. :)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Mrs.Bass, makedonkamak и 14 други им се допаѓа ова.
  8. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Браво! Премногу креативна девојка си, гледав и во темата Вашите цртежи, навистина добро го работиш тоа што го правиш. :clap::clap:(y)
     
    На kjukli, Jordanovska-K и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Девојки на таван најдов преубава дрвена кутија за накит ваљда од Баба ми останата :)
    малку е уништена, излитена, изгребана.. сакам да ја поправам, декорирам некако и да си ја користам ама немам никава идеја :worried:
    Ао има некој некоја идеја нека пише, ептен ми е убава кутијата и не сакам да ја фрлам.
    Слична е кутијата на ова
    [​IMG]
     
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас би ти предложила две опции:

    1. Или да ја украсиш со техника на декупаж (техниката со салфетки што е)
    2. Или малку да ја зашмирглаш и со лесни потези да ја офарбаш со бело-сивкаста боја за дрво, со што ќе добие vintage изглед

    А можеш и да искомбинираш од двава предлози. :)
     
    На *цветче* и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  11. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Луѓе, дајте идеи за креветче за куче од округла ткаенина. Не знам што да правам со неа, а мојава го распартали креветчето што го има, па сега ново ни треба.
     
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Папи, нешто просто и едноставно во овој стил:

    [​IMG]

    Две идентични кружни платна, наполни ги со секцкан сунѓер или лио и спој го отворот од кај што си полнела. Толку. На средина може, а и не мора да го има ова во вид на копче.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    @Papillon.Papi
    и ова е доста интересно и лесно

    [​IMG]
     
    На jolo, Esmeralda-MD и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Супер, ќе импровизирам нешто и со старото креветче, и тоа е округло. Може обрачот на старото креветче да го сошијам со краевите на ткаенинава (поранешно долго здолниште, сега е старо и на Беки е:D ). Од дупката кај струкот ќе го наполнам со партали/сунѓери/меки работи. Таман на Беки ќе и' дојде повисоко и помеко за лежење, а и мирисот на старото креветче ќе и' биде тука. Фала ти многу за идејава! :toivo:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ова за мачката ќе служи. (y) Фала! :wasntme:
     
    На Umbrella22 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Papillon.Papi, ако го наполниш креветчево со сунѓер, мислам дека тој обрач нема ни да ти треба (за поедноставување, а и пофлексибилно би било така). Меѓутоа, тоа е само моја сугестија, ти комотно води си се според твојата замисла. ;)

    Мило ми е што ти бев од помош. :) (Па сликни го и стави го после во темава да видиме. :))
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Да не го сечам и старово креветче, ма да може да користи и како за полнење... Но ќе видам, има време, денес не почнувам со шиење, ќе го исперам само старово креветче и ќе ги сошијам дупките што се дело на Беки. Утре вечер најкасно стигаат слики. :!: Да се надеваме дека ќе и' се допадне. :D
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    IMG_20150726_213114.jpg
    Еве ја завршена :D Тоа црното од страна е чорапчето, кое што и' е омилена играчка. Денес си играше со неа и ја ставила каде што и' е место. Многу воспитано куче имам, само уште да разбереше дека леглото не и' е наменето за глодање. :fubar:
     
    На Nausicaa, Lady Phoenix и kjukli им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мајка ми се пожали дека немала ѕиден часовник во канцеларија, па решив да ѝ направам еден :wasntme:
    Татко ми беше задолжен за механизмот и поделба на кругот, а јас за декорација. И еве веќе неколку месеци си стои во ходник, срам ѝ било да го закачи на работа. Ми вика: Ама Ана, кога ќе ми дојде некоја странка, што ќе си помисли? :lol:
    [​IMG]
     
    На Stories, eka, realGirl и 31 други им се допаѓа ова.